Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG7550

Уживајте во моќ со која можете да ја изразете вашата страст за фотографирање преку неверојатни испечатени материјали. Поврзете се лесно и директно со паметни уреди и Cloud услуги и уживајте во интуитивна контрола на допир со овој врвен сè-во-едно уред со 6 мастила и Wi-Fi.

Придобивки

  • Изразете ја вашата страст. Печатете, копирајте и скенирајте без напор користејќи моќен сè-во-едно фото печатач

  • Поврзете се на начин кој ви одговара - преку Wi-Fi, етернет и NFC

  • Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со PIXMA Cloud Link*

  • Подгответе се за печатење и скенирање без напор од паметни уреди преку NFC со користење на PIXMA Touch & Print

  • Печатете материјали со врвен квалитет и неверојатна брзина кои со гордост ќе ги споделите

Детални карактеристики

  • Врвен "сè-во-едно" фото печатач

    Изразете ја вашата страст преку испечатени материјали. Гордејте се со испечатените фотографии што ги прикажувате, благодарение на овој стилски, компактен и врвен сè-во-едно уред. Дизајниран да одговара на вашата страст за фотографирање, тој нуди комбинација од исклучителен квалитет на печатење, копирање и скенирање со напредно поврзување преку Wi-Fi, етернет и Cloud услуги. Уживајте во брзо и едноставно печатење од секаде - компјутери, фотоапарати со безжичен LAN PictBridge, мемориски картички, Cloud услуги и паметни уреди.

  • Извонредни перформанси

    Изразете се преку прекрасни и богати фотографии во боја и неверојатни црно-бели испечатени материјали. PIXMA MG7550 ги применува сите технологии кои се потребни за исклучително детално печатење со професионален квалитет - со 6 единечни мастила, вклучувајќи и сиво мастило и наменско мастило со црн пигмент за остар текст. Во срцето на печатачот е технологијата FINE од Canon, со мин. 1pl капки мастило и резолуција на печатење до 9.600 dpi. Тој се одликува со големи ISO ESAT брзини од 15 слики/мин. во црно-бело и 10 слики/мин. во боја и може да печати фотографии од 10 x 15 cm без рабови за приближно 21 секунда.

  • Поврзување со Cloud услуги

    Поврзете се директно со Cloud услугите. Уживајте во печатење од и скенирање кон интернет - директно од екранот на печатачот. Со подобрениот PIXMA Cloud Link можете да печатите фотографии за неколку секунди од Facebook, Twitter и онлајн фото албуми. Печатете/скенирајте документи од Cloud услуги како Google Drive, OneDrive и Dropbox. Можете дури и да прикачувате и испраќате скенирани фајлови/слики директно преку e-mail – без користење на компјутер.*

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Печатачот може да се поврзе и користи со паметни телефони. Едноставно преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions од Canon за вашиот паметен телефони или таблет уред. Со користење на апликацијата можете директно да пристапувате до Cloud услуги. Исто така, можете да го проверувате статусот на печатачот, прирачникот за користење или нивоата на мастила во реално време преку Wi-Fi или интернет. За да ги добиете сите опции за поврзување со мобилни уреди, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и Google Cloud Print.

  • Контрола со допир без напор

    Уживајте во чувство на класа. Ракувањето е едноставно и интуитивно со контролата на допир. Навигацијата низ менијата, избирањето функции, прегледувањето слики и користењето на Cloud услуги е брзо и едноставно, благодарение на големиот панел на допир со екран на допир во боја од 8,8 cm.

  • Заштедете пари на мастило

    Опуштете се и штедете. Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила.

  • Креативно користење

    Забавувајте се додека ја истражувате вашата креативност со Easy Photo Print+ (достапно преку апликацијата PIXMA Printing Solutions). Дизајнирајте и печатете честитки, колажи со фотографии и многу повеќе на едноставен начин со помош на оваа интернет услуга - користејќи слики од вашиот таблет уред, компјутер или Cloud услуга.

  • Дизајн кој нуди разновидни опции

    Заштедете хартија и создавајте професионални двострани документи со автоматското 2-страно печатење. Овој печатач може истовремено да печати на фото-хартија и обична хартија, благодарение на 2-та фаха за хартија, а ви овозможува и да дизајнирате и печатите ознаки директно на компатибилни дискови (CD/DVD/BD).

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Екран на допир кој е едноставен за користење

  • Голем екран на допир

  • Брзо поврзување со поддршка за NFC

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MG7550

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Фах за печатење CD дискови

  • Упатства и други документи