Професионални печатачи за фотографии

Canon PIXMA PRO-10

Печатач кој го заслужуваат вашите слики.

Придобивки

  • A3+ фото печатач со квалитет како за во галерија

  • Систем со 10 мастила со пигмент

  • Професионално печатење во боја и црно-бело

  • Усогласена и квалитетна сјајност и длабоки црни тонови

  • Исклучителна трајност на сликите

  • Дополнителна компонента за печатење за ефикасни работни процеси

  • Широк избор на поддржани медиуми

  • Подобрено поврзување

Детални карактеристики

  • Фотографии со квалитет како за во галерија

    Системот со 10 мастила кај PIXMA PRO-10 овозможува неверојатно и професионално печатење на материјали во повеќе големини, почнувајќи од 10x15cm па сè до A3+ или со широчина од 35cm (14"). Тој претставува идеален избор за фотографите на кои им требаат испечатени материјали за изложби или продаваат фотографии со квалитет како за во галерија.

  • Професионални бои

    Пигментните мастила LUCIA обезбедуваат моќни и инспиративни резултати со неверојатна постојаност и исклучителна трајност на сликите. Системот со 10 мастила може да печати со широка палета на бои, зголемувајќи ја живописноста и деталите во сликите.

  • Впечатливи црно-бели испечатени материјали

    PIXMA PRO-10 содржи три наменски монохроматски мастила, кои му овозможуваат да создаде прекрасни црно-бели фотографии со рамномерна градација на тонови. Мастилата во матирана црна боја и фото црна боја се секогаш достапни за печатење и ви овозможуваат да не трошите мастило со менување на фото хартијата од сјајна во матирана.

  • Усогласена сјајност

    Проѕирното мастило Chroma Optimizer се користи врз испечатените површини на сјајните или полу-сјајните хартии за да ја зголеми густината на црните нијанси, а притоа ја проширува палетата на бои и овозможува испечатени фотографии со беспрекорна и подеднаква сјајна завршна обработка.

  • Квалитет и брзина

    PIXMA PRO-10 се одликува со глава за печатење со технологија FINE, капки мастило од 4pl и обезбедува резолуција на печатење до 4800dpi за добивање на детални фотографии без зрнеста текстура. Можете да печатите A3+ материјали со рабови во боја или црно-бело, со квалитет како за во галерија, за помалку од четири минути.

  • Ефикасен работен процес

    Новата дополнителна компонента Print Studio Pro овозможува едноставен и ефикасен работен процес на професионално печатење. Оваа дополнителна компонента за печатење, која е наменета за големите апликации за фотографии, ги обединува сите подесувања за печатење во едно мени со едноставна навигација.

  • Усогласување на бои

    Новиот професионален режим од Canon (драјвер за печатач и профил на бои) помага во прецизно усогласување на испечатените бои со оние кои се прикажани на екранот. Создавајте уникатни ICC профили за да добиете уште попрецизни бои или подесете го печатачот со помош на софтверот Colour Management Tool Pro од Canon.

  • Избор на хартија

    Печатете на хартија со изглед и формат по ваш избор. Оригиналните фото хартии од Canon се поддржани, а за да користите други хартии од добро познатите производители, како Hahnemühle, Ilford и Canson, можете дополнително да ги преземете и користите ICC профилите од Canon.

  • Поврзување

    Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi и Ethernet, печатачот може да го поставите каде што ќе посакате – совршено за фотографите кои работат во својот дом или во мала канцеларија. Печатете фотографии директно од Smartphone уреди и таблет уреди со помош на софтверите Easy-PhotoPrint или Apple AirPrint од Canon.

Спецификации

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Мастило со пигмент со голема долготрајност

  • Chroma Optimizer

  • Безжично користење и споделување

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Дополнителна компонента за фото-апликации

  • Едноставен креативен софтвер

  • Печатете директно на дискови

  • Печатење на големини до A3+ со широчина до 35cm