Canon PIXMA PRO-100S

PIXMA PRO-100S

Овој професионален A3+ печатач располага со систем на 8 мастила базирани на боја за печатени материјали со квалитет како за во галерија кои со гордост ќе ги прикажувате или продавате, како и поврзување преку Wi-Fi и Cloud за лесно интегрирање со постоечките работни процеси.

PIXMA PRO-100S

Придобивки

  • Систем на 8 мастила базирани на боја за печатење со професионален квалитет
  • Печатете директно од услугите Cloud за фотографии и складирање
  • Безжично печатење од вашиот компјутер, таблет уред и smartphone уред
  • Лесно интегрирање со професионален софтвер за уредување
  • Поддршка за голем избор на хартија од Canon и други специјални хартии

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PIXMA PRO-100S

Неверојатни и долготрајни материјали во боја и еднобојни материјали


Изразете се преку богати и сјајни фотографии со живописни бои и одлични црно-бели материјали благодарение на системот на 8 мастила базирани на боја со три еднобојни мастила кој користи ChromaLife 100+ за напредна репродукција на бои и поголема трајност.

Печатете фотографии со прекрасен изглед со голема брзина

Добијте печатени материјали со квалитет како за во галерија речиси без чекање. PIXMA PRO-100S е дизајниран за брзина и нуди фотографија без рабови оц 4 x 6" за само 34 секунди и A3+ материјали со рабови за прибл. 90 секунди.

Беспрекорни работни процеси

Користете ја апликацијата Pro Gallery Print за iPad® за беспрекорно функционирање со професионалните фотографски услуги со Cloud како Zenfolio и SmugMug.

Печатете од популарните услуги Cloud

Печатете фотографии директно од вашите претпочитани Cloud услуги за складирање вклучувајќи ги Facebook, Dropbox, Google Drive™ и OneDrive со помош на PIXMA Cloud Link.

Безжично печатење од вашиот таблет уред и smartphone уред

Печатете директно и лесно од вашиот таблет-уред или паметен телефон со помош на апликацијата Canon PRINT. Етернет врската го поедноставува интегрирањето на PIXMA PRO-100S во вашиот работен процес.

Лесно интегрирање со професионален софтвер за уредување

Заборавете на маката при наоѓање на правилните подесувања за печатење со користење на дополнителната компонента Print Studio Pro на Canon, која е компатибилна со Adobe Photoshop® и Lightroom - така што ќе можете да печатите директно од вашиот професионален софтвер за уредување.

Разновидна поддршка за медиуми

Компатибилност со повеќе хартии за печатачи со професионален квалитет од Canon, како и специјални хартии од производители како Hahnemühle и Canson.

Едноставно печатење на CD

Печатете ознаки директно на компатибилните CD дискови со помош на директното печатење на диск за да добиете професионален изглед на вашите медиуми.

iPhone®, iPad® i iPod Touch® се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и во други земји
Google Drive™ е заштитен знак на Google Inc.
Adobe и Photoshop се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Adobe Systems Incorporated во Соединетите Американски Држави и/или во други земји.
Сите други заштитни знаци им припаѓаат на нивните соодветни сопственици.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PIXMA PRO-100S, неговите функции и можности.

Only change the ink which runs out

Променете го само мастилото кое се потрошило

Quality long lasting photos

Квалитетни и долготрајни фотографии

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Canon PRINT app

Апликација Canon PRINT

Print plug-in for photo applications

Дополнителна компонента за фото-апликации

Print from and scan to the cloud

Печатење и скенирање кон Cloud услуги*

Print directly onto disc

Печатете директно на дискови

  • Печатач PIXMA PRO-100S A3+
  • Кабел за напојување
  • Глава на печатач
  • 8 одделни резервоари за мастило
  • Фах за печатење CD дискови
  • CD-ROM за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет*)
  • Водич за почеток

*Сите драјвери и мобилни апликации се достапни на интернет на http://www.canon.com/ijsetup

PIXMA PRO-100S Video