PRO фото-печатачи


Професионални инк-џет фото-печатачи за A3 формати

Преземете ја целосно креативната контрола врз вашите слики со палетата на професионални печатачи за фотографии PIXMA. Овие A3 инкџет печатачи за фотографии со системи од 8, 10 или 12 мастила постојано обезбедуваат резултати какви што заслужуваат вашите слики.

Професионални печатачи за фотографии PIXMA

Професионални инк-џет фото-печатачи за A2 формати

Уживајте во можноста за печатење прекрасни слики со големина до A2 без намалување на квалитетот. Искористете ги големите брзини за печатење и репродукцијата на бои: со поддршката за различни видови на медиуми како сјајна хартија, мат хартија, хартија за фина уметност и платна, ќе го добиете саканиот изглед и ефект.

imagePROGRAF PRO-1000

Профилирање

Направете ICC профили со софтверот Colour Management

Создавајте прилагодени ICC профили кои ќе бидат оптимизирани за вашиот печатач, хартија и уникатно работно опкружување, со користење на вашиот спектрометар и софтверот Color Management Tool Pro на Canon. Тој се одликува со волшебник кој е едноставен за следење и овозможува печатење на табели за мерење кои можат да се скенираат со голем број X-Rite уреди за калибрација (Eye-One PRO, Color Munki) - кои ќе ви помогнат да добиете висококвалитетни бои и прецизност какви што ви се потребни.

[MASTER] Picture_Colour-managment

Ставање мастило на хартија

Извонредниот квалитет на сликите отпечатени со нашата палета на професионални фото-печатачи претставува совршена комбинација од вашата страст и нашата технологија. Canon инвестираше многу години во системите со глава за печатење FINE и во подобрувањето на мастилата за да ви ги обезбеди резултати во кои уживате денес. Благодарение на изборот на професионални системи со 12 или 10 мастила со пигмент и специјалниот систем со 8 мастила базирани на боја, креативните и деловните корисници можат да го пронајдат најдобриот фото-печатач за A3 или А2 формати што ќе им овозможи печатење со исклучителен квалитет на најекономичен и најефикасен начин.

Црно-бели испечатени материјали

Одликувајќи се со наменски еднобојни мастила и поставки на драјверот за „печатење црно-бели фотографии“, во комбинација со функции како што е Chroma Optimizer за подеднаков сјај и зголемена густина на црната боја, палетата на професионални печатачи од Canon нуди ново ниво на квалитет во професионалното еднобојно печатење.

Печатење со PIXMA PRO

Поддршка за вашиот професионален фото-печатач PIXMA

Преземајте драјвери, софтвер, firmware и упатства и добијте пристап до техничка поддршка и решавање на проблеми за вашиот професионален фото-печатач PIXMA.

Драјвери, софтвер и упатства за вашиот професионален фото-печатач PIXMA

Дали барате постари професионални инк-џет печатачи

Пронајдете спецификации и информации за компатибилни потрошни материјали за постари професионални фото-печатачи PIXMA во нашиот дел со архива за производи.

Архивирани производи
  • Canon
  • Печатачи
  • ...
  • Професионални инк-џет фото-печатачи за A2 и A3 формати