Canon MAXIFY GX1041
Префрлете ја канцелариската работа во домот со овој компактен 3-во-1 печатач MegaTank. Брзо печатете голем обем висококвалитетни деловни документи со достапна замена за шишињата со мастило.
Продуктивност со канцелариски квалитет во домот
Печатете издржливи документи со деловен квалитет во вашиот дом со овој повеќефункционален печатач MegaTank со ракување од предната страна. MAXIFY GX1041 може лесно да се стави во секоја просторија поради неговиот компактен и практичен дизајн. Искористете ги придобивките од големите брзини на печатење и големиот обем на отпечатени страници благодарение на неговите четири посебни резервоари за мастило што се дополнуваат и евтините шишиња со мастило за дополнување.
Погледнете ги сите спецификацииПродуктивност со канцелариски квалитет во домот
Печатете деловни документи со брзина до 15 слики/мин. (црно-бело) и 10 слики/мин. (во боја)1 или скенирајте директно кон мрежни папки и е-пошта за непрекинати работни процеси.
Се вклопува во вашиот живот
Печатачот може да го ставите во мали простории или до ѕидови благодарение на неговиот дизајн за ракување од предната страна со лесен пристап. Едноставен за користење со LCD-екран од 2,7" што се закосува, статусно светло и интуитивен UI.
Печатете, скенирајте и копирајте без пауза
Автоматско 2-страно печатење без здодевно дополнување хартија поради предната касета со 250 листови. Со картриџ за одржување што може да се замени од корисникот, можете да гарантирате дека вашиот работен процес никогаш нема да биде прекинат.
Шишиња со мастило по достапна цена
Економични шишиња што може да се дополнуваат, поради кои печатењето во голем обем е достапно. Со 3-те шишиња со црно мастило вклучени во пакувањето може да отпечатите до 17.000 страници.
Издржливи отпечатени материјали со деловен квалитет
Уживајте во отпечатени материјали со деловен квалитет со одлична читливост и отпорност на избледување, вода, маркери и префрлување, испорачани брзо и во голем обем.
Едноставно и безбедно
Одржувајте ја безбедноста на вашите најважни податоци со едноставни безбедносни поставки што се лесни за управување и може без напор да се приспособат кон вашето опкружување.
Спецификации
-
Повеќефункционални
Wi-Fi, печатење, скенирање, копирање и Cloud
-
Технологија за печатење
Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
-
Големи брзини на печатење
15 слики/мин. (црно-бело); 10 слики/мин. (во боја)
-
Обем на отпечатени страници:
17.000 страници (со вклучените 3 шишиња со црно мастило)
-
Екран
LCD-екран на допир од 2,7”
-
Поврзување
USB, Wi-Fi со два фреквентни појаси и етернет
-
Капацитет за обична хартија
Касета за 250 листови
Што содржи кутијата
-
MAXIFY GX1041
-
6 шишиња со мастило за голема потрошувачка (3x црна боја и 1 x Ц/М/Ж)
-
Кабел за напојување
-
Упатства и други документи
Слични производи
-
MAXIFY GX2041
Бидете продуктивни во домот со овој брз, компактен и економичен 4-во-1 печатач со ADF за 35 листови. -
MAXIFY GX3040
Малиот 3-во-1 деловен печатач што овозможува огромна заштеда
- Брзината на печатење документи во формат А4 на обична хартија се мери врз основа на просекот од ESAT во тестот за категорија канцеларии со стандардот ISO/IEC 24734.
- Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со 3 шишиња со црно мастило што се вклучени во пакувањето.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.