Canon PIXMA G1411
Компактен печатач што се дополнува со мастило за голема потрошувачка за секојдневно економично печатење на живописни фотографии и остри документи во домот.
Компактен и економичен печатач за секојдневно печатење со голем обем
Овој компактен печатач што се дополнува со шишиња за мастило за голема потрошувачка, едноставно поврзување преку USB и издржливост за работа со голем обем на страници овозможува печатење на висококвалитетни документи со остар текст и живописни фотографии без рабови со големина до A4 со мал трошок по страница.
Неверојатно голем број на отпечатени страници
Добијте економично и продуктивно печатење со голем обем* до 12000 страници од 2 резервоари со црно мастило или до 7000 страници со употреба на еден комплет резервоари во боја.
Компактен, сигурен и достапен
Овој достапен и компактен печатач се вклопува во секој дом или канцеларија и е идеален за голем обем на печатење благодарение на неговиот долготраен систем на мастила FINE и заден механизам за снабдување со капацитет од 100 листови.
Висококвалитетни отпечатени материјали
Печатете со висок квалитет благодарение на технологијата FINE и системот на хибридни мастила од Canon со црн пигмент за остри документи и базирани на боја за живописни фотографии без рабови со големина до A4.
Едноставно поставување и заштеда на енергија
Поставувањето на печатачот е лесно и брзо бидејќи се поврзува со вашиот компјутер преку USB. Заштедете енергија со функцијата за автоматско исклучување која го исклучува печатачот кога не се користи.
Креативно печатење
Печатете ги вашите фотографии на нови и креативни начини со софтверот за фотографии My Image Garden, кој овозможува препознавање на лица и лесно пребарување на сите слики во вашиот компјутер.
Спецификации
Печатење големи количини
Вградени резервоари со мастило
Хибриден систем на мастила
Печатење без рабови
Автоматско вклучување
Остар текст во црна боја
Снабдување со хартија од задната страна
My Image garden
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за едноставно и економично печатење во домот - само додајте хартија или медиуми за фотографии.
Печатач со една функција - PIXMA G1411
5 резервоари за мастило за голема потрошувачка
Кабел за напојување
CD-ROM за подесување
Упатства и други документи