Печатачи MegaTank
Canon PIXMA G6040
Спецификации4 резервоари за мастило за голема потрошувачка што се дополнуваат за мали работни трошоци.
До 18.000 страници од 3 шишиња црно мастило или 7.700 страници од комплет мастила во боја*.
Голем капацитет за обична хартија.
Етернет и Wi-Fi
Добијте целосна контрола со апликацијата Canon PRINT (iOS и Android)
Печатете остар црн текст и живописни фотографии без рабови во големини до A4
Уживајте во практично користење и контрола преку 2-линискиот еднобоен LCD-екран со можност за закосување
Заштедете време со автоматското двострано печатење
Сите спецификации се подложени на промена без претходна најава.
Брзината на печатење може да се менува во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, комплексноста на документот, режимот на печатење, покриеноста на страницата, видот на користена хартија итн.
Потрошувачката на мастилото може да се менува во зависност од печатените текстови/фотографии, користениот апликациски софтвер, режимот на печатење и типот на користена хартија. За информации во врска со потрошувачката погледнете на www.canon-europe.com/ink/yield
Брзината на скенирање може да се менува во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, подесувањата на режимот на скенирање, големината на документите итн.
Брзината на копирање може да се менува во зависност од комплексноста на документот, режимот на копирање, покриеноста на страницата, видот на хартија која се користи итн. при што не се смета времето на загревање.
Сите имиња на марки и производи се заштитни знаци на нивните соодветни компании.
Microsoft, Windows и логото на Windows се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Microsoft Corporation во Соединетите Американски Држави и/или во други земји.
* Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување е потребна одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.
Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.
** Измерено по меѓународни стандарди, во зададен режим. При непрекинато последователно печатење, печатачот може да ја намали брзината со која го извршува процесот за да спречи покачување на внатрешната температура.