Големи идеи, уште поголеми отпечатени материјали

Со PIXMA PRO-200 од Canon, големината нема да ве ограничи. Печатете во формат A3+ и без рабови за да ја прикажете вашата креативност во целост.

Доследно доживување со Canon

„Од фотографирање до печатење, Canon ќе се погрижи за сè“ - кажа фотографот за храна Natasha Alipour-Faridani од Лондон. Рекламите што ги прави со живописни бои, доловувајќи прекрасни и вкусни слики од храна и пијалаци, ги опфаќа сите процеси од фотоапарат до печатач до хартија од Canon. Печатачот што го избра за нејзиното студио е PIXMA PRO-200 од Canon. Благодарение на поддршката за различни медиуми на печатачот - вклучувајќи сјајна хартија и хартија за фина уметност - и прилагодливите големини за печатење до A3+, таа добива многубројни опции што ќе ѝ помогнат, како и на сите други фотографи, да ја ослободат својата креативност.

Фотограф разгледува фотографија во боја отпечатена со PIXMA PRO-200

Големи отпечатени материјали без рабови што можат да се изложат

Можноста за фотографите, независно дали се почетници или професионалци, да ги видат своите дела отпечатени е одлична. Како што вели Alipour-Faridani - „Има нешто специјално во печатењето на материјалите, особено кога ќе ги ставите во рамка и имате доволно време да ги закачите на ѕид и да ги гледате“. Со PIXMA PRO-200 од Canon може да печатите со големина до A3+ или во панорамски режим, добивајќи целосна контрола за да овозможите максимален квалитет за вашите фотографии. А, благодарение на печатењето без рабови, нема да има потреба од отсекување на сликите што ќе ги отпечатите. Подготвени се за врамување веднаш штом ги земете од печатачот.

„Од фотографирање до печатење, Canon ќе се погрижи за сè“.

Фотограф зема отпечатени материјали и големи слики во боја без рабови што се отпечатени со PIXMA PRO-200

Слични написи

  • PIXMA PRO-200

    Разновидно печатење на едноставен начин

    Ова мало и компактно решение нуди моќни опции за печатење и се испорачува со практичен и едноставен софтвер, за да ви остане повеќе слободен простор на работната маса и да бидете покреативни.

  • PIXMA PRO-200

    Вистински бои, отпечатени совршено

    Тоа што го гледате низ објективот станува реалност на страницата, благодарение на новиот систем со 8 мастила базирани на боја и континуираната одлична репродукција на PIXMA PRO-200 од Canon.