Печатачи за во домот

Canon Серија PIXMA TS8050

Ви ја претставуваме новата генерација на сè-во-едно фотопечатачи. Уживајте во извонреден квалитет, безжично поврзување и голем екран на допир со практичен интерфејс.

Секој спомен со неверојатен квалитет

Добијте извонреден квалитет при печатењето со подобрената технологија за глави за печатење на PIXMA TS8050. Системот со 6 одделни мастила, вклучувајќи и сиво мастило, ги подобрува сенките, ја намалува зрнестата текстура и печати фотографии со богати бои и документи со остар текст.

Canon Camera

Прекрасен компактен дизајн, извонредни опции за поврзување.

Мали димензии. Моќни перформанси

Моќна технологија за печатење скриена во куќиште за на работна маса - прибл. 29% помало од претходните модели*. Печатачот од серија PIXMA TS8050, кој се одликува со рефлективна завршна обработка и елегантно заоблени рабови, изгледа подеднакво добро како и сликите што ги создава.

Бидете поврзани

Поврзете се и споделувајте ги вашите слики и документи преку Wi-Fi и со поддршката за печатење од мобилни уреди за Android, iOS и Windows 10 Mobile. Печатете директно од SD картички или уживајте во печатење и скенирање со допир преку апликацијата Canon PRINT.

Canon Camera

Запознајте се со новиот PIXMA

Од автоматско закосување на екранот до печатење од социјални медиуми, дознајте повеќе за новите и подобрени функции на серијата PIXMA TS8050.
  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Апликацијата Canon PRINT ви нуди пристап до содржините во вашиот паметен уред. Печатете од популарни социјални мрежи како Facebook и Instagram. Можете дури и да ги скенирате вашите фотографии и документи кон одредени Cloud сметки. Скенирањето кон Cloud е достапно само за корисници на оригинални мастила од Canon.

  • Нов дизајн, побрзи резултати

    Не чекајте долго за да ги видите резултатите од вашата креативност. Секоја функција е достапна со само еден допир благодарение на предниот панел што се закосува автоматски и вградениот екран на допир од 10,8cm (4,3”).

  • Брзо и лесно ракување

    Новодизајнираниот практичен интерфејс овозможува брзо и забавно печатење. Поедноставното мени и опциите за приказ на печатачот нудат едноставен пристап до сè што ви е потребно, почнувајќи од основните функции па сè до печатење од SD картичка.

Спецификации

  • Wi Fi

    Безжично користење и споделување

  • Печатење од паметен телефон и таблет-уред

    Апликација Canon PRINT

  • Голем екран на допир од 10,8cm

    Функциите на печатачот се лесно достапни

  • Печатење без рабови

    Фотографии од 10x15cm (4”x6”) за само 21 секунда

  • Два механизми за снабдување со хартија

    Ставајте обична хартија и фотохартија истовремено

  • 6 одделни мастила

    Променете го само мастилото што се потрошило

  • PIXMA Cloud Link

    Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • SD картичка

    Печатете од SD мемориски картички

Што содржи кутијата

Брзо домашно печатење и скенирање фотографии и документи.

  • • Сè-во-едно печатач - серија PIXMA TS8050 од Canon

  • • Однапред поставени резервоари со мастило

  • • Кабел за напојување

  • • CD-ROM за поставување и упатства

Дополнителна опрема

Добијте повеќе од вашиот печатач од Canon

Од социјални медиуми и печатење од Cloud до колажи и релјефни картички. Разбудете ја креативноста со нашата апликација Canon Print и софтверот Creative Park.

  1. *Споредба на волуменот со претходниот модел од серијата MG7700 кога предната касета за хартија, задниот фах и излезниот фах се вовлечени во куќиштето на печатачот. Кога во предната касета за хартија ќе ставите хартија со големина A4/LTR, дел од касетата ќе биде поиспакната од оперативниот панел (35 mm - серија PIXMA TS8050)