Canon CN-E70-200mm T4.4 L IS
Објективот со серво мотор се одликува со висококвалитетни функции и рамномерен, прецизен зум и им нуди нови опции на професионалците.
Do you want to be contacted by a Canon representative?
Please complete the short form to request a product specialist from Canon to contact you.
Компактен објектив со телефото опсег на зумирање, создаден за 4K.
Достапен објектив со голем формат и EF приклучок, создаден да одговара на широк опсег на примени. Со фокусна должина од 70-200 (140-400)* mm (*со додаток за продолжување EF од 2x) и изборен држач за серво, овој напреден и лесен објектив нуди одлична оптика.
Исклучителна оптика
Висококвалитетни кино перформанси без никакви компромиси – разновидниот CN-E70-200 нуди оптички зум од 2,85x и технологија за слики и бои оптимизирана за 4K.
Компатибилност со EF приклучок
Интеграцијата со фотоапаратите со EF приклучок на Canon овозможува објективот да се одликува со напредно автоматско фокусирање, три режими на стабилизација на сликата и корекција на периферното осветлување.
Прекрасни и рамномерни ефекти на заматување
Благодарение на ирисот со 9 сечила, CN-E70-200 нуди рамномерен и изедначен ефект на заматување, овозможувајќи им на корисниците да создадат интересни фотографии кои го привлекуваат вниманието.
Помалку промени во фокусот
Специјално изработен за видеопродукција, овој објектив со серво мотор ги минимизира промените во фокусот и нуди континуирано висококвалитетно снимање низ целиот опсег на зумирање.
Отстранлив држач за серво
Без разлика дали е монтиран на цилиндарот на објективот или се користи рачно, држачот за серво ZSG-C10 се одликува со практичен преклопник и копчиња за активирање/запирање на снимањето и автоматско фокусирање со една снимка.
Спецификации
Приклучок: EF
Покриеност на сензорот: Super
Прилагодување на растојанието до сензорот: Да
Фокусно растојание: 70-200 (140-400)* mm (*со додаток за продолжување EF од 2x)
Максимална релативна решетка: (T бр.) 1:4,4 при 70-200 mm, (F бр.)1:4 при 70-200 mm
Вграден серво: Да, со контрола на брзината
Тежина: 1,25 kg
Стабилизација на сликата: 3 режими
Што содржи кутијата
Објектив
Сенило
Капаче за објектив
Упатство за употреба: јапонско, англиско, кинеско
Торбичка за складирање
Капаче за прав