4. Употреба
Се обврзувате дека преку овој веб-сајт, нема да објавувате или испраќате какви било материјали кои со причина би можеле да се протолкуваат како (i) погрдни, клевети, непристојни, навредливи, непримерни, кои поттикнуваат на расна омраза, дискриминаторни или богохулење, (ii) кршење на кое било неопходно доверливо соопштение или приватност или која било деловна тајна, (iii) кршење на правата на сопственост на која било трета страна или за која ги немате обезбедено потребните дозволи и/или одобренија, или (iv) повреда на друг закон.
Исто така, се согласувате дека преку овој веб-сајт, нема да пренесувате или испраќате какви било материјали кои би можеле да претставуваат или охрабрат однесување кое би можело да претставува кривично дело, предизвикува одговорност за штета или е на друг начин во спротивност со законите на која било земја или друг надлежен орган, или ги повредува правата на трета страна кои важат во кој било дел од светот.
Canon ги задржува правата да ги отстрани од веб-страницата материјалите за кои се сомнева дека се забранети со овој став 3 или се на друг начин несоодветни. Без разлика на погоренаведеното, се согласувате дека Canon не ги контролира содржините на веб-сајтот доставени од други корисници и е беспредметно да ги следи содржините на веб-сајтот за да ја гарантира нивната точност, соодветност или усогласеност со принципите утврдени со овие Одредби и услови.
Не смеете да го поврзувате веб-сајтот на Canon со непристојни и несоодветни веб-сајтови и мора веднаш да ги отстраните сите линкови доколку Canon, по сопствено видување, го побара истото од вас.
Сите материјали (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, музика, звук, фотографии, графика, слики, видео записи, изработка на податоци, дигитални преземања и софтвер) кои се наоѓаат на овој веб-сајт („Материјали“), се сопственост на Canon и неговите добавувачи се заштитени со европските, јапонските и меѓународните закони за авторски права.
Canon ве овластува да ги гледате и преземате Материјалите само за лична, некомерцијална употреба, под услов, истите да не ги менувате или преработувате на каков било начин, да не ги репродуцирате или прикажувате, изведувате или јавно дистрибуирате, или да ги користите на друг начин за какви било јавни или комерцијални цели. Забранета е употребата на Материјалите на кој било друг веб-сајт или мрежно поврзани компјутери од која било причина.
Доколку сакате да ги користите Материјалите за друга намена, надвор од опсегот на одобрените работи наведени погоре, потребно е претходно да добиете писмено одобрување од соодветните сопственици на авторските права или издавачи на лиценци за вакви Материјали, на пр. Canon, неговите добавувачи или други.
Доколку сакате директно да цитирате некој дел од содржината во кој било печатен материјал како на пример списанија, контактирајте го администраторот на веб-сајтот за дозвола, на new.media@canon-europe.com. Доколку сакате да објавите некој дел од Материјалите на ЦД или во други медиуми, наведете го делот од Материјалот што сакате да го објавите.
Се согласувате дека ќе го обештетите Canon и филијалите на Canon за секоја претрпена штета од од оштети, побарувања, загуби или штети што Canon и филијалите на Canon може да ги претрпат како резултат на кршење на овој став 3.