Приближете го светот со овој компактен, практичен и лесен двоглед, совршен за патување, набљудување диви животни и следење спортови. Тој е доволно мал за да може да го носите секаде, а се одликува со стабилизација на слика што овозможува извонредно стабилен приказ.
Со извонредната острина и одличниот контраст благодарение на супериорната оптика на Canon, овој двоглед со стабилизација на слика овозможува стабилно гледање, а лесниот дизајн и удобното ракување го олеснуваат целодневното користење кога патувате или набљудувате диви животни или спортски настани
Компактен и со тежина од само 420 g, овој двоглед е најлесниот во палетата со стабилизација на слика на Canon, со доближување од 8x што овозможува корисна моќ за секојдневно користење.
Висококвалитетната оптика со Porro призма од Canon нуди доближување од 8x, исклучителна острина и мало изобличување благодарение на слојот Super Spectra и безоловното стакло.
Технологијата за стабилизација на слика на Canon, истата технологија што се користи во објективите за фотоапарати на Canon, го намалува тресењето и ја подобрува јасноста, притоа намалувајќи го заморот на очите при подолго набљудување.
Дизајниран да биде лесен, но удобен за користење, со големо допирно тркалце за фокусирање, прилагодливи визири и приспособување на диоптерот за да одговара на индивидуалните потреби.
Напојуван од една батерија CR123A што овозможува до 12 часа стабилизација на слика, двогледот е секогаш подготвен кога ви е потребен.
Со тежина од само 420 g
8x зголемување
Стабилизација на слика со поместување на објективот
Super Spectra слој
Минимално фокусно растојание од 2m
Прилагодување на диоптерот од +/- 5,9
Батерија CR123A со траење од 12 часа
Лесен и практичен - идеален двоглед за секојдневно користење
8X20 IS
Футрола од ткаенина
Прирачник со инструкции