Пропоинт: Поттикнување на растот преку иновации, квалитет и ефикасност

Дознајте како Propoint го зголеми обемот на печатење за 20%, ги намали производствените трошоци за 10% и ги прошири премиум апликациите со производната печатарска технологија на Canon.
Ана Христова, маркетинг менаџер, Пропоинт

ОД МАЛА ГАРАЖА ДО ЛИДЕР ВО СОВРЕМЕНОТО ПЕЧАТАРСКО ПРОИЗВОДСТВО

Компанијат Пропоинтt го започна своето работење во 1996 година во мал гаражен простор, а во текот на работењето прерасна во една од водечките печатници во регионот. Денес компанијата обезбедува услуги за повеќе од 1.000 клиенти, има 68 вработени и работи во современ производствен објект со површина од 5.200 м². Нуди целосен спектар на графички услуги – од дизајн и подготовка за печатење, дигитално, офсет печатење и флексо печатење со производство на етикети во ролна, доработка и логистика.

Нашиот раст отсекогаш се темелел на посветеноста кон квалитетот, континуираните инвестиции и способноста да се приспособуваме на потребите на нашите клиенти кои постојано се менуваат.“

Со растот на побарувачката, Пропоинт се соочи со нов предизвик: како поефикасно да одговори на сè поголемиот обем на работа и истовремено да ја прошири понудата на печатени производи со повисока додадена вредност. Компанијата имаше цел да го зголеми капацитетот, да ги намали трошоците и да ја прошири понудата на услуги, а притоа да го задржи нивото на квалитет што го очекуваат клиентите.

Зграда „Пропоинт“

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СЛЕДНАТА ФАЗА НА РАСТ

Пред да се одлучат за Canon, Пропоинт размислуваа за уште неколку други системи за професионално печатење. Клучните фактори при донесувањето на одлуката беа сигурноста, доследниот квалитет на печатењето, продуктивноста и можноста за примена во широк спектар на работни задачи.

Компанијата инвестираше во два комплементарни системи:

• монохроматска машина за печатење Canon varioPRINT TITAN 6220

• дигитална машина за печатење во боја Canon imagePRESS V1350

Овие инвестиции придонесоа за остварување на две стратешки цели: зголемување на ефикасноста при производство на големи тиражи и можноста за навлегување во нови пазарни сегменти.

varioPRINT 6220 TITAN

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА СО VARIOPRINT TITAN 6220

Еден од првите чекори во трансформацијата на компанијата Пропоинт беше воведувањето на Canon varioPRINT TITAN 6220.

Благодарение на можностите што ги нуди при голем обем на печатење, оваа машина за печатење ѝ овозможи на компанијата да ги унапреди производните процеси, да ја зголеми продуктивноста и да обезбеди подеднаков квалитет на печатењето. Технологијата за фиксирање на тонерот на ниска температура ја намалува деформацијата на хартијата и овозможува исклучителна израмнетост на табаците, со што се постигнуваат резултати многу блиски до стандардите на офсет печатењето, со истовремена контрола на оперативните трошоци.

За Пропоинт, придобивките од системот не се ограничуваат само на техничките перформанси. Стабилноста и ефикасноста што ги обезбедува ѝ овозможуваат на компанијата успешно да одговори на сè поголемата побарувачка од клиентите.

НИ БЕШЕ ПОТРЕБНО РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ВИСОКА ПРОДУКТИВНОСТ И ПОСТОЈАН КВАЛИТЕТ. VARIOPRINT TITAN НИ ПОМОГНА ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ ЕФИКАСНОСТА БЕЗ ДА ГО НАРУШИМЕ КВАЛИТЕТОТ.“

varioPRINT 6220 TITAN

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОНУДАТА НА ПРЕМИУМ ПРОИЗВОДИ СО IMAGEPRESS V1350

Како што се менуваа потребите на клиентите, Пропоинт се трудеше да одговори на нивните барања, спознавајќи ги можностите во сегментот на премиум печатење, кој бара подебели материјали и пократки производствени серии. За да ги искористи овие можности, компанијата го имплементираше Canon imagePRESS V1350.

ImagePRESS V1350 овозможи проширување на понудата на производи за кои се потребни материјали со поголема грамажа, доследна репродукција на боите и пократки производствени серии. Бидејќи поддржува материјали со грамажа до 500 g/m², imagePRESS V1350 овозможува изработка на презентациски папки, корици за книги, прототипови на амбалажа и други премиум производи.

Комбинацијата на varioPRINT TITAN 6220 и imagePRESS V1350 му овозможува на Пропоинт ефикасно да реализира големи тиражи, а истовремено да ја проширува својата понуда со производи со повисока додадена вредност, изработени на материјали со поголема грамажа и во пократки производствени серии.

imagePRESS V1350

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДСТВОТО

Денес Пропоинт изработува широк спектар на комерцијални печатени производи во големи тиражи. Технологијата на Canon ѝ овозможува на компанијата да одржува висока продуктивност, флексибилност при изборот на материјали и континуиран висок квалитет на печатење, притоа исполнувајќи ги очекувањата на клиентите.

• Годишен обем на печатење: 12 милиони A4 отпечатоци
• Месечен обем на дигитално печатење: 250.000 отпечатоци
• Просечен број на работни задачи што се реализираат дневно: 15
• Месечен обем на печатење на системот varioPRINT TITAN: 150.000 отпечатоци
• Месечен обем на печатење на системот imagePRESS V1350: 100.000 отпечатоци

Using software

МЕРЛИВИ РЕЗУЛТАТИ

Со имплементирањето на Canon технологијата, Пропоинт достигна големи подобрувања во своето работење:

• зголемување на обемот на печатење за 20%
• намалување на трошоците за производство за 10%
• до 20% пократко време на реализација

• поголема флексибилност при реализација на кратки серии и премиум производи
• поголема оперативна ефикасност и профитабилност

Овие подобрувања му овозможија на Пропоинт побрзо да одговори на барањата на клиентите, да ги зголеми капацитетите и да продолжи да обезбедува високо ниво на квалитет по кое се веќе претпознатливи речиси три децении.

ТЕХНОЛОГИЈАТА НА CANON НИ ПОМОГНА ДА ЈА ЗАЈАКНЕМЕ НАШАТА КОНКУРЕНТНА ПОЗИЦИЈА, ДА ЈА ПРОШИРИМЕ ПОНУДАТА НА ПРОИЗВОДИ СО ПОВИСОКА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА РАСТЕМЕ, ПРИТОА ЗАДРЖУВАЈЌИ ГО КВАЛИТЕТОТ ШТО ГО ОЧЕКУВААТ НАШИТЕ КЛИЕНТИ.“

СИГУРНА УСЛУГА И ПАРТНЕРСТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА

Техничките перформанси беа само еден од факторите при донесувањето на оваа одлука. Подеднакво важна беше и довербата на компанијата Пропоинт во поддршката што ја обезбедува Abix, локалниот партнер на Canon.

Проактивниот сервис, брзото решавање на проблемите и континуираната техничка поддршка му овозможуваат на Пропоинт сигурна и непречена секојдневна работа. Благодарение на тоа, компанијата одржува високо ниво на продуктивност и успешно ги исполнува и најкомплексните рокови на своите клиенти.

imagePRESS V1350

ПОДДРШКА НА ДОЛГОРОЧНИТЕ ЦЕЛИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ

Одржливоста претставува важен дел од долгорочната стратегија на Пропоинт. Во обид да го намали влијанието врз животната средина, компанијата инвестираше во фотоволтаични панели и електрични возила за испорака.

Технологиите на Canon придонесуваат за остварување на овие цели преку поефикасни производствени процеси. Технологијата за фиксирање на тонерот на ниска температура, која се применува во системот varioPRINT TITAN, придонесува за помала потрошувачка на енергија, додека дигиталните производни процеси ја намалуваат количината на отпад бидејќи бараат помалку подготовка за печатење и овозможуваат попрецизна изработка на кратки серии.

Photovoltaic panels Propoint

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА

Со јасен фокус на квалитетот, ефикасноста и иновациите, Пропоинт продолжува да ја зајакнува својата позиција на конкурентниот пазар на печатење.

Благодарение на технологијата на Canon, стручното знаење и поддршката од компанијата Abix, Пропоинт има цврста основа за понатамошен раст, зголемување на ефикасноста и проширување на понудата на производи, како и за навремено приспособување кон потребите на клиентите кои постојано се менуваат.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Canon varioPRINT 6000 series TITAN

Исклучително сигурна, енергетски ефикасна и високо продуктивна, серијата varioPRINT 6000 TITAN им овозможува на печатарските погони со голем обем на производство да реализираат квалитетни апликации, да го скратат времето на производство и да обезбедат максимална расположливост на опремата.

Canon imagePRESS V1350

Брза, издржлива и висококвалитетна дигитална продукциска машина за печатење во боја, наменета за големи производствени обеми, со иновативна технологија за високо ниво на автоматизација.

PRISMAprepare

Брзо прибирање, обработка и дистрибуција на документи и податоци во соодветните работни процеси.

Canon imagePRESS V1000

Проширете ги изворите на приходи со висока продуктивност и исклучителна флексибилност во поглед на медиумите, во компактна дигитална машина за печатење во боја.

Дознајте како производствената печатарска технологија на Canon може да му помогне на вашиот бизнис да ја зголеми продуктивноста, да ги прошири можностите за печатарски апликации и да поддржи долгорочен раст.