Уникатни мастила со пигмент LUCIA од Canon

Оригиналот е непобедлив

Секогаш избирајте оригинални мастила LUCIA од Canon наместо какви било други мастила што не се произведени од Canon. Не правете отстапки во квалитетот за да бидете сигурни во отпечатените материјали

The Original is unbeatable

Одлично мастило за најдобри отпечатени материјали

За процесите за инк-џет печатење со системите за печатење големи формати imagePROGRAF е потребно мастило со врвен квалитет . Оригиналните мастила LUCIA од Canon се специјално создадени во нашите лаборатории за системите за печатење imagePROGRAF, за да ги исполнат стандардите за највисок квалитет на печатење.

Во пракса, тоа значи дека може да добиете репродукција на прекрасни бои, професионален квалитет на слика и најтенки линии за секоја можна примена, благодарение на оригиналните мастила LUCIA што се прецизно усогласени со нашите системи за печатење.

Најдобриот квалитет е најважен

Во производството на мастилото LUCIA од Canon се користат само висококвалитетни и тестирани суровини, што гарантира максимална доследност и квалитет благодарение на уникатниот состав и оптималните услови за производство. Темелните тестирања придонесуваат за доследен квалитет за печатење на кој можете потполно да му верувате.

Сите печатачи imagePROGRAF користат мастила со пигмент што се подобри од боите, во однос на отпорноста на UV-зраци или озонот. Поради тоа, материјалите отпечатени со мастила со пигмент од Canon ќе траат релативно подолго и нема да покажат очигледни знаци на избледување.

Освен тоа, мастилата со пигмент LUCIA се отпорни на влага и гарантираат совршен изглед дури во надворешни услови. Печатењето врз водоотпорни медиуми од Canon со мастила LUCIA создава резултати со одлична отпорност на лоши временски услови без потреба од пластифицирање дури до 6 месеци, што е идеално за печатење привлечни материјали за надворешна употреба.

Advantages of Canon Ink

Краток преглед на придобивките што ги нудат оригиналните мастила од Canon

  • Оригинална формула за мастила од Canon
  • Највисок квалитет на печатење
  • Тестирани и одобрени од Canon
  • Печатачите од Canon гарантираат врвна доследност на боите
  • Поширока палета на бои
  • Живописна и впечатлива репродукција на флуоресцентните бои, благодарение на новото флуоресцентно розово мастило на серијата GP
  • Извонредна живописност на боите со специјални мастила во боја - портокалова, црвена, виолетова и зелена боја
  • Микро капсулите со пигмент овозможуваат зголемување на густината на пигментот, што овозможува репродукција на богати бои и острина на сликата
  • Честичките мастило со пигмент остануваат блиску до површината, овозможувајќи нагласено и поубаво изразување на различните бои
  • Најдобри линии и детали со голема острина
  • Chroma Optimizer (CO) овозможува фантастична градација на тонови и спречува појава на бронзен ефект за да обезбеди реална длабочина на темните тонови и реален приказ на боите
  • Отпечатените материјали се отпорни на лоши временски услови, благодарение на оригиналните мастила и водоотпорни медиуми од Canon

Само оригиналните мастила од Canon можат да обезбедат

Остри линии и фонтови со оригиналните мастила LUCIA TD

Мастилото LUCIA TD содржи два вида на црни мастила со различен притисок врз површината. Мат црното (MBK) мастило со голем притисок врз површината овозможува минимално ширење на капките мастило, а пигментот се задржува блиску до површината. Тоа е наменето за создавање остри линии и густ текст со минимално искривување на рабовите.

Canon Camera
Canon Camera

Линии и текст со јасни рабови

Кога станува збор за работ помеѓу црната боја и другите бои, LUCIA TD што користи 2 вида на црно мастило, го става црното мастило (BK) со помал притисок врз површините помеѓу мастилото во боја (мал притисок) и мат црното мастило (голем притисок) за да го намали растекувањето. На тој начин се создаваат линии и текстови со јасни рабови.

Непроверената формула на мастилата што не се произведени од Canon не е приспособена за системите за печатење imagePROGRAF од Canon и често нема ист состав. Некои состојки и промени што не се овластени од Canon може да доведат до репродукција на текст, линии и графика со помала острина, поради што отпечатените материјали ќе бидат непрецизни и заматени.

Со мастилата со пигмент LUCIA од Canon, производ со највисок можен квалитет и доследност, микро капките мастило се нанесуваат прецизно врз медиумите преку главата за печатење и веднаш се сврзуваат со површината - нема растекување и размачкување!

Врвен квалитет на печатење со најпрецизни нијанси

Уникатната формула за мастило кај мастилата LUCIA PRO со микро капсули со пигмент овозможуваат зголемување на густината на пигментот, што ја подобруваат репродукцијата на богати бои и острината на сликата.

Chroma Optimizer (CO), што се користи при печатење врз сјајна / полусјајна хартија, врши оптимална контрола врз светлината што одредува како ќе изгледаат боите за да обезбеди реална репродукција на оригиналните бои, особено црните тонови, без заматување.

Canon Camera

Нема отстапки, квалитетот е најважен

Благодарение на мастилата со пигмент LUCIA, извонредните глави за печатење од Canon создаваат микро капки со големина од 4 или 5 пиколитри за да отпечатат извонредно детални слики - ова соодветствува на 4 до 5 милијардити дела од милилитар мастило. Висококвалитетните мастила LUCIA од Canon се совршено усогласени со главите за печатење на системите imagePROGRAF, при што мастилата секогаш минуваат непречено низ екстремно малите млазници за печатење и создаваат беспрекорни резултати при печатењето.

Независно дали печатите реклами, рекламни материјали, постери, фотографии, фина уметност или технички цртежи, само во комбинација со оригиналните мастила од Canon ќе можете да го постигнете максималниот квалитет што го нудат печатачите за големи формати imagePROGRAF од Canon.

Прецизност на боите - се гарантира само со оригинално мастило од Canon

Најдобриот квалитет на отпечатените материјали со совршено нанесување на мастилото, по претходна калибрација со медиум за печатење дефиниран со ICC-профил. ICC-профилот го информира системот за печатење за својствата на медиумот за печатење и прецизно го контролира нанесувањето на мастилата во боја преку главата за печатење. Canon ги создава ICC-профилите за медиумите за печатење од Canon со безбројни лабораториски тестирања со системите imagePROGRAF - се разбира, само со оригиналните мастила LUCIA. Ако изберете мастила што не се произведени од Canon, нема гаранција дека ќе добиете сигурни бои и одлични отпечатени материјали.

Затоа е важна и оригиналноста на документите

Материјалите отпечатени со оригинални мастила LUCIA TD од Canon се многу отпорни на стареење и фалсификување. Овие својства со во фокусот на истражувањата што ги врши Paper Technology Foundation (PTS). Извршени се многубројни механички, хемиски, оптички и термални тестови за сертификатот PTS.

Печатачот за големи формати imagePROGRAF ги помина овие тестови со одлични оценки, користејќи оригинални мастила со пигмент LUCIA и медиуми за печатење од Canon, по што му беше издаден сертификат за производство на оригинали, извршување и сертифицирање копии од нотарски услуги согласно стандардот 12 DO Not.

Canon Camera

Гаранција за печатење документи: imagePROGRAF, оригинални мастила LUCIA и медиуми за печатење од Canon

При интеракција со системите imagePROGRAF за печатење големи формати, оригиналните мастила со пигмент и соодветните медиуми за печатење од Canon гарантираат дека документите нема да остарат брзо и нема да станат бескорисни дури и по многу години, поради што се идеални за печатење документи. Сите корисници кои користат оригинални мастила и медиуми од Canon можат да ги искористат овие придобивки. Независните тестови докажуваат дека оригиналните материјали се компатибилни меѓусебно и гарантираат совршени резултати при печатењето - дури и ако не ви треба или не сакате да печатите со ваков квалитет. Ваква гаранција за квалитетот на отпечатените материјали нема доколку користите мастила што не се произведени од Canon.

Совршенство до последната капка

Печатачите imagePROGRAF од Canon се дизајнирани да ги искористат сите капки мастило. Затоа, кога ќе треба да го замените резервоарот, бидете сигурни дека нема да заостане мастило, бидејќи не плаќате за мастило што никогаш нема да се употреби, а уште поважно, тоа придонесува за заштита на животната средина.

Системот за печатење овозможува целосно вметнување на резервоарите за мастило и целосно полнење на споредните резервоари за мастило. Благодарение на технологијата за „менување на мастилата без прекинување на работата“, ќе можете лесно да ги менувате резервоарите за мастило додека работи печатачот. Оваа практична функција е особено ефикасна и уникатна на пазарот.

Canon Camera

Највисок квалитет на печатење со оригинално мастило LUCIA од Canon

Зошто да ризикувате?
...... изберете оригинално мастило за да бидете сигурни во квалитетот

  • Мастилото што не е произведено од Canon и содржи неовластени состојки не само што може да доведе до незадоволителни резултати при печатењето, туку може и да ја оштети главата за печатење и да ги запуши млазниците, а тоа го намалува работниот век на потрошните материјали
  • Користењето оригинални мастила од Canon овозможува стандарден работен век на потрошните материјали
  • Кога печатите со оригинални мастила од Canon, дури и најтенките линии изгледаат неверојатно остри на хартија, сликите секогаш имаат професионален квалитет, а светлите бои се доследни. Оригиналноста на документите за архивирање на вашите отпечатени материјали е гарантирана. Меѓутоа, можно е да не добиете вакви резултати доколку користите мастило што не е произведено од Canon.


Кога станува збор за сигурност и прецизност на боите, може да им верувате 100% на оригиналните мастила од Canon. Нашите печатачи imagePROGRAF GP имаат сертификат PANTONE, а отпечатените материјали со мастилата со пигмент LUCIA прикажуваат прецизни бои со минимални промени.

Canon Camera
Canon genuine ink

Препознајте ги оригиналите

Изберете оригинални мастила од Canon за да избегнете проблеми. Секогаш купувајте го мастилото од сигурни продавачи и барајте го уникатниот холограм што ја менува својата боја и е присутен на сите оригинални пакувања со мастило. Има златна боја ако го гледате од предната страна, а темно-зелена боја ако го закосите хоризонтално

Исто така, лошиот квалитет на пакувањето укажува на фалсификат, бидејќи оригиналните пакувања со мастило, надворешното пакување и самиот производ од Canon се изработени со највисок квалитет.

Погледнете го внимателно уникатниот холограм што ја менува својата боја.

Дали бојата се менува ако го гледате под различен агол, како што е објаснето? Ако не се менува, тоа значи дека производот не е оригинал и може да не ви понуди квалитет каков што очекувате од Canon.

Дознајте повеќе за оригиналните мастила со пигмент LUCIA во нашата брошура.

Поврзани производи