Ново

Canon imagePROGRAF TX-3300/4300

Добијте голема продуктивност без прекини, моќна безбедност и печатете поостри технички документи со одржливите печатачи со 5 бои за формати од 36" и 44". Дизајниран за големи корпоративни и владини канцеларии, компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство.

3,3 стр./мин. (A1)

Брзина на печатење која е водечка во оваа категорија

Ново мастило MBK

Зголемена прецизност за тенки линии

Подобрена корпа за редење

Можност за континуирано печатење во форматите A0/A1

Моќна безбедност

Заштита на важните информации

Создадени за продуктивност и прецизност

Серијата imagePROGRAF TX ги подигнува стандардите за продуктивност, прецизност и безбедност во техничкото печатење со голем обем. Дизајнирани за големи корпорации, владини организации и компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство, овие печатачи се наменети за опкружувања со големи потреби за печатење. Брзините за печатење во форматот A1 кои се водечки во оваа класа, како и многубројните функции за зголемување на продуктивноста, ќе ви помогнат да се придржувате до работниот распоред. Зголемената прецизност за технички документи со новите мастила MBK нуди голема доверба при секое печатење.

Непрекината продуктивност

Извршувајте задачи со голем обем со помош на конфигурацијата со два валјаци и брзините на печатење до 3,3 стр./мин. (A1), кои се водечки во оваа категорија. Менувањето на мастилата без прекинување на работата и подобрената корпа за редење овозможуваат континуирано печатење во форматите A0 и A1, а калибрацијата на боите, следењето на главата на печатачот и автоматските приспособувања придонесуваат за минимален број на погрешни печатења.

Прецизност во секој детаљ

Новото мастило MBK со голема густина, во комбинација со подобрената обработка на слики, нуди неверојатно остри тенки линии и почисти технички детали при секое печатење, овозможувајќи им на техничките цртежи, CAD-проектите и GIS-документите да ги исполнат дури и највисоките стандарди за прецизност и острина.

Лесен работен процес

Рамномерен и непречен работен процес, за кој е потребно помалку време за поставување и секојдневно управување, благодарение на автоматското ставање медиуми, поедноставните поставки за медиуми и интуитивниот екран на допир од 4,3”, со кои ќе ги извршувате задачите без прекини. Бесплатните алатки за праќање задачи, како Direct Print Plus и PRISMAproduce Tech, нудат висококвалитетно прегледување за да помогнат во минимизирање на погрешните печатења.

Моќна безбедност

Од подобрени шифрирани комуникации и безбедно печатење со PIN-код, па сè до напреден процес за проверка на идентитетот и безбедно бришење на тврдите дискови, серијата imagePROGRAF TX нуди највисоко ниво на заштита за вашите документи, уреди и мрежа.

Создадени за одржливост

Уживајте во енергетската ефикасност додека ги исполнувате целите за одржлива набавка, без загуби во перформансите. Направени со 25% рециклирана пластика, 5% рециклиран метал и пакување без EPS, imagePROGRAF TX-3300 и TX-4300 имаат сертификат EPEAT 1

Подетални информации за imagePROGRAF TX-3300 и TX–4300

Дознајте како imagePROGRAF TX-3300 и TX-4300 може да ви помогнат да се придржувате до работниот распоред во опкружувањата за печатење со голем обем, благодарение на нивните брзина и прецизност кои се водечки во оваа категорија.

Споредба на imagePROGRAF TX-3300 и TX-4300

Разгледајте ги imagePROGRAF TX-3300 и TX-4300 во истата палета.

Модел

imagePROGRAF TX-3300/4300

imagePROGRAF TX-3300

imagePROGRAF TX-3300/4300

imagePROGRAF TX-4300

Ширина

36”
44”

Големина на резервоар за мастило

700/330/160 ml
5 мастила во боја со пигмент (вкл. ново мастило MBK)
700/330/160 ml
5 мастила во боја со пигмент (вкл. ново мастило MBK)

Брзина на печатење

3,3 стр./мин.
3,3 стр./мин.

Опции за поврзување

Поддршка за Apple AirPrint и IPP Everywhere
Поддршка за Apple AirPrint и IPP Everywhere

Димензии (ШxДxВ)

1390 x 1045 x 1168 mm (отворена корпа)
1593 x 1045 x 1168 mm (отворена корпа)

Виртуелна галерија

Уживајте во интерактивна турнеја со алатката за виртуелна галерија на imagePROGRAF. Дознајте за иновациите на Canon кои се вградени во нашите печатачи за големи формати.

Оригинално мастило LUCIA од Canon

Секогаш избирајте оригинални мастила LUCIA од Canon наместо какви било други мастила што не се произведени од Canon. Никогаш не правете отстапки во квалитетот на отпечатените материјали.

Слични производи и решенија

  • imagePROGRAF TZ-32000

    Максимизирајте го печатењето во производствениот сегмент со одржлив печатач со 5 бои за формати до 36", кој нуди лесна продуктивност со интуитивно користење, професионален квалитет на слика и моќна безбедност. Дизајниран за корпоративни и големи канцеларии, владини канцеларии и компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство.
  • imagePROGRAF TZ-32000 MFP Z36

    Максимизирајте го печатењето во производствениот сегмент со повеќефункционален печатач со 5 бои за големини до 36", кој нуди лесна продуктивност со интуитивно користење, професионален квалитет на слика, подобрена безбедност и врвни перформанси за скенирање.

    imagePROGRAF TX-3310/4310 MFP Z36

    Добијте остро техничко печатење со повеќефункционален печатач со 5 бои за формати од 36” или 44”, кој нуди непрекината продуктивност, истовремено извршување на повеќе задачи за печатење и скенирање, лесни работни процеси, како и напредни поставки за безбедност за заштита на доверливите податоци, во опкружувањата во кои се печати во голем обем.

Истражете повеќе

PRISMAproduce tech

Моќна апликација за управување со работни процеси и практичен начин за создавање комплети документи од десетици датотеки што лесно ќе ги испратите до вашиот plotWAVE, colorWAVE и до голем број печатачи imagePROGRAF.

Direct Print Plus

Паметен и продуктивен софтвер за испраќање задачи, дизајниран да го поедностави печатењето на CAD-цртежи и PDF-документи, што нуди брзо и прецизно обработување и лесен кориснички интерфејс.

Accounting Manager

Собирајте детални податоци, како вид на медиуми, користење мастило и датуми на печатење преку моќна алатка за следење која ви помага лесно да ги следите трошоците за печатење и да управувате со нив.

Free Layout Plus

Интуитивна софтверска алатка дизајнирана за да им даде на корисниците контрола над распоредите. Идеална за професионалци кои работат со CAD-цртежи или креативни визуелни материјали во голем формат, го поедноставува процесот за подготовка на печатење прецизно, флексибилно и ефикасно.

Дознајте какви придобивки ќе имате во деловното работење од серијата imagePROGRAF TX.

  1. *Сертификат EPEAT 1.0 Gold и сертификат EPEAT 2.0 Bronze, регистрирани во САД.