Canon imagePROGRAF GP-2600S
Ново

Печатачи за големи формати

Canon imagePROGRAF GP-2600S

Создавајте прекрасни фотографии и извонредни постери, со прецизна репродукција на бои и долготраен век. Дефинирајте ги одново креативните граници со поголема палета на бои - одржливиот печатач со 7 бои за формати до 24" е дизајниран за ланци на продавници и претпријатија, но и за мали фотостудија.

  • 7 бои

    Ново мастило со пигмент LUCIA PRO II3

  • Прецизни бои

    Голема покриеност на2 PANTONE™1

  • Издржливост

    Поголема отпорност на светлина и гребење

  • 2-ор валјак (изборен)

    Конфигурација со два валјаци

  • Уживајте во прецизна репродукција со совршени бои и издржливост

    Револуција во печатењето со imagePROGRAF GP-2600S - спој од прецизни и живописни бои. Откријте неверојатен спектар на бои со прецизноста на PANTONE™, благодарение на новите иновативни мастила LUCIA PRO II3, а особено портокаловото мастило. Добијте одржлива продуктивност без отстапки во квалитетот на сликата и долготрајноста.
    Canon imagePROGRAF GP-2600S

    Професионален квалитет на слика

    Зачекорете во свет на живописни и реални бои што воодушевуваат, збогатени со поголема густина на црната боја што создава поголема длабочина во вашите фотографии и постери. imagePROGRAF GP-2600S не нуди само извонредно мастило, туку и максимална прецизност на боите, совршена градација на боите и широка покриеност на PANTONE™ 2 .

    Зголемена издржливост

    Чувајте ги вашите фотографии и големи постери 200 години4 со поголема отпорност на избледување при изложеност на светлина, благодарение на мастилата со голема отпорност на светлина. Зголемете ја издржливоста на сликите со помош на мастилата што имаат голема отпорност на гребење и овозможуваат вашите отпечатени материјали да траат доживотно.

    Canon imagePROGRAF GP-2600S
    Canon imagePROGRAF GP-2600S

    Зголемена продуктивност

    Подобрете ги работните процеси за печатење со полесно ракување со медиумите и едноставни поставки. Зголемете ја ефикасноста со два валјаци, автоматско ставање медиуми и опција за пресликување на мастилото за печатење со голема брзина. Со новата функција за следење на главата за печатење и автоматското порамнување ќе создавате ремек-дела без намалување на квалитетот на слика.

    Подобрена одржливост

    Заштитете ја животната средина со трошење помалку енергија кога го користите уредот и кога уредот е исклучен. Производот има ознака EPEAT Gold5 и неговото пакување не содржи стиропор.

    Canon imagePROGRAF GP-2600S

    Виртуелна галерија

    Погледнете што нуди интерактивната алатка за виртуелна галерија на imagePROGRAF.
    Дознајте за иновациите од Canon што се вградени во овие печатачи за широки формати што нудат „нов стандард на инженерство“.

    imagePROGRAF GP-6600S_imagePROGRAF GP-4600S_imagePROGRAF GP-2600S_virtual-showroom

    Преземете содржина

    Дознајте како Canon imagePROGRAF GP-2600S може да го подобри печатењето со прецизни бои.

    Оригинално мастило LUCIA од Canon

    Секогаш избирајте оригинални мастила LUCIA од Canon наместо какви било други мастила што не се произведени од Canon. Никогаш не правете отстапки во квалитетот на отпечатените материјали.

    Canon imagePROGRAF GP-2600S

    Слични производи и решенија

    Откријте други производи во палетата на Canon imagePROGRAF.

    • Печатачи за големи формати

      imagePROGRAF GP-6600S

      Создавајте прекрасни големи постери и добијте прецизна репродукција на бои за слики со деловни бои. Дефинирајте ги одново креативните граници со поголема палета на бои - одржливиот печатач со 7 бои за формати до 60" е дизајниран за ланци на продавници и претпријатија, но и за компании што нудат услуги за печатење.
    • Печатачи за големи формати

      imagePROGRAF GP-4600S

      Создавајте прекрасни големи постери и добијте прецизна репродукција на бои за слики со деловни бои. Дефинирајте ги одново креативните граници со поголема палета на бои - одржливиот печатач со 7 бои за формати до 44" е дизајниран за ланци на продавници и претпријатија, но и за компании што нудат услуги за печатење.
    • Печатачи за големи формати

      imagePROGRAF PRO-2600

      Одржливиот и современ печатач со 12 бои за формати до 24" означува нова ера на професионално печатење фотографии. Тој печати совршени, прецизни и долготрајни материјали и е наменет за префинети фотографи, уметници и компании што нудат услуги за печатење, на кои им е потребен највисок квалитет.
    • Печатачи за големи формати

      imagePROGRAF GP-2000

      Новосоздаден печатач за големи формати од 24 инчи со 11 мастила во боја со пигмент за ненадминато печатење компјутерска графика.

    Откријте како вашиот бизнис може да ги искористи придобивките од
    серијата imagePROGRAF GP.

    1. PANTONE™ е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Pantone LLC.
    2. Стапката на покриеност на палетата на бои PANTONE FORMULA GUIDE за обложени медиуми е 96% кај GP-6600S/4600S/2600S, при користење Premium Semi-Glossy Paper 2 со драјвер за печатачи imagePROGRAF и избрани опции [Високо] [Исклучена корекција на бои]; стапката на покриеност е 82% при користење Heavyweight Coated Paper HG со драјвер за печатачи imagePROGRAF и избрани опции [Високо] [Исклучена корекција на бои]
    3. Пет од седумте мастила се новосоздадени. Мастилата во мат црна и портокалова боја се истите мастила што се користат кај imagePROGRAF GP-2000/4000.
    4. При користење на Canon Heavyweight Coated Paper HG од 145 gsm. Предвидената вредност е пресметана во согласност со методот за тестирање на отпорноста на внатрешна светлина и критериумите за проценка на работниот век што се дел од методот за проценка на зачувување на отпечатените дигитални фотографии во боја (JEITA CP-3901B) објавени од JEITA (Japan Electronics and Information Technology Industries Association).
    5. Ознаката EPEAT Gold е регистрирана во САД