Canon imageFORMULA DR-M1060
Извонредно компактен A3 скенер кој нуди сигурни и разновидни перформанси.
Извонредно компактен A3 скенер кој нуди сигурни и разновидни перформанси.
Разновиден и извонредно компактен A3 скенер со U-патека и можност за избор на директната патека за хартија. DR-M1060 е совршен за сигурно скенирање на разни видови на документи со големина до A3, а има мали димензии.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Извонредно компактен A3 скенер
-
U-патека и директна патека за ракување со различни документи
-
Продуктивно скенирање со брзина до 120 слики/мин.
-
Дизајн со предно снабдување за практично снабдување со хартија
-
Моќен софтвер, вклучувајќи и Kofax VRS
-
Лесно додавање на изборни скенери со рамно лежиште или баркод модул
Детални карактеристики
-
Неверојатно компактен
DR-M1060 е многу компактен A3 скенер - идеален за корпоративни деловни оддели или помали децентрализирани филијали кои имаат ограничен простор на работната маса, но имаат потреба од A3 скенирање. Корисниците ќе се воодушеват од удобното и практичното ракување со предното снабдување со документи и дизајнот на нивното излегување.
-
Сигурно и разновидно ракување со хартија
U-патеката и можноста за избор на директна патека за хартија со цврст механизам за снабдување овозможува рамномерно скенирање на разни видови на медиуми, вклучувајќи и картички со релјеф, дебели и тенки медиуми или документи со должина од 3m. Користејќи го режимот на превиткување, ќе можете да скенирате и документи со A1 големина. DR-M1060 се одликува со повеќе технологии за сигурно ракување со хартија. Ултразвучното откривање на двојно повлекување документи помага во спречување на губењето слики, а функцијата за ослободување на двојно повлекување (DFR) ги намалува прекините и им овозможува на корисниците брзо да ги игнорираат грешките и да продолжат со скенирањето во специјални случаи.
-
Скенирање со голема продуктивност
DR-M1060 е неверојатно продуктивен и се одликува со извонредно големи брзини на двострано скенирање до 120 слики/мин. (A4) и механизам за снабдување за 80 листови. И покрај неговите мали димензии, тој е создаден за справување со голем обем на работа до 7.500 документи на ден.
-
Совршена обработка на слика при секое користење
Уживајте во совршени резултати благодарение на големиот број напредни функции за обработка на слика кај DR-M1060, како што е напредното подобрување на текст кое овозможува јасни и читливи слики, дури и од избледени оригинални документи. Дополнителните функции како автоматско откривање на боја, корекција на автоматска големина и искосување, корекција на ориентација на текст и прилагодено изоставување на боја уште повеќе ги зголемуваат квалитетот и постојаноста на сликите.
-
Испорачан софтвер за зголемување на продуктивноста
Уживајте во брзо скенирање без напор со софтверот CaptureOnTouch за ад-хок и секојдневни работни задачи. CaptureOnTouch Pro е идеален за скенирање на поголеми серии документи, со прикази на повеќе прозорци и мали сликички, како и флексибилни опции за скенирање кон датотеки, е-пошта и SharePoint. DR-M1060 се испорачува и со eCopy PDF Pro Office и Kofax VRS (вклучувајќи и AIPE).
-
Изборна дополнителна опрема
DR-M1060 се испорачува со голем број изборни додатоци за да овозможи високо ниво на продуктивност. Скенирајте поврзани книги, дневници и деликатни медиуми со помош и на двете изборни единици за скенирање со рамно лежиште за A4 и A3 формати. Овие единици за двострано скенирање со рамно лежиште, кои се поврзани преку USB, работат беспрекорно со DR-M1060, овозможувајќи ви лесно применување на истите функции за подобрување на слики при секое скенирање. Исто така, достапен е 2D баркод модул кој овозможува препознавање на баркодови со QR кодови, PDF417 и Data Matrix формати со помош на драјверите ISIS/TWAIN.
Спецификации
-
Брзина на скенирање за A4 (еднострано)
-
Автоматски механизам за снабдување со документи
-
До 7.000 скенирања/ден
-
Двострано скенирање во A3 формат
-
USB поврзување
-
Лесно и интуитивно скенирање
-
Подобрен квалитет на слика