Canon imageFORMULA DR-M160II

imageFORMULA DR-M160II

imageFORMULA DR-M160II е скенер за на маса кој ја зголемува продуктивноста. Одликувајќи се со робустен дизајн, голема брзина и сигурна обработка на медиуми, тој е идеален за скенирање со интензивно користење на хартија.

DR-M160II_detail_image

Придобивки

  • Водечки брзини во класата за скенирање во боја до 120 слики/мин.
  • Робустен дизајн за извршување на 7.000 скенирања/ден
  • Компатибилност со Windows, Mac и Linux
  • Компактен дизајн и висока продуктивност
  • Врвна сигурност при ракувањето со хартија, со повторен обид за раздвојување на листовите

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-M160II

Брзо скенирање за опкружувања со интензивно користење на хартија


Создаден за опкружувања со големи потреби за скенирање, imageFORMULA DR-M160II нуди скенирање со голема продуктивност и брзина до 120 слики/мин. Тој е идеален за OCR обработка со Windows и Mac.

Робустен дизајн за брзо извршување


Робустниот дизајн вклучува импресивен механизам за снабдување за 75 листови, кој може да прифати комбинирани документи во серија за да се зголеми продуктивноста. DR-M160II е дизајниран да обезбеди извонредно сигурно снабдување со хартија и раздвојување на различните типови на медиуми; од дебели до тенки листови, но и од картички со релјеф до документи со должина од три метри. Изработен за извршување на 7000 скенирања/ден, DR-M160II располага со издржливи валјаци за снабдување со документи и моќен пренос на хартијата, што го прави исклучително траен со можност за справување со најобемните задачи.

Ракување со хартија без проблеми


Уникатниот систем за повторен обид за раздвојување му овозможува на скенерот автоматски повторно да ги вметне документите во ретките прилики кога ќе настане откривање на двојно повлекување, помагајќи да се минимизира потребата од интервенција на корисниците. Копчето за ослободување на двојно повлекување му овозможува на корисникот накратко да го игнорира откривањето на двојно повлекување и да продолжи со скенирањето.

Иновативен софтверски пакет за едноставно користење


imageFORMULA DR-M160II се испорачува со софтвер кој се користи мошне лесно за беспрекорно скенирање и управување со документите. CaptureOnTouch има интуитивен кориснички интерфејс кој вклучува функција за целосно автоматски режим за поедноставно скенирање; исто така, овој софтвер поддржува скенирање во повеќе формати на фајлови (PDF, PDF-A, TIFF, JPEG, BMP и PowerPoint) и поврзување со SharePoint. CapturePerfect е идеален за поважните сериски скенирања, бидејќи обезбедува врвни можности за прегледување и методи на испраќање – вклучувајќи и директно испраќање во фолдер, e-mail и SharePoint. Исто така, вклучен е и водечкиот софтвер за обработка на слика Kofax VRS (со AIPE) и eCopy PDF Pro Office, за брзо создавање, уредување и конвертирање на PDF документи.

Разновидни опции и софтвер


За едноставно скенирање на поврзани материјали, поврзете го DR-M160II со изборното рамно лежиште за A3 документи 201 или скенерот со рамно лежиште за A4 документи 101 од Canon. Баркод модулот III и 2D баркод модулот се достапни како дополнителни опции.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-M160II, неговите функции и можности.

60ppm

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

icon

Автоматски механизам за снабдување со документи

Daily Scanning Volume

Дневен обем на скенирање

Double-sided scanning

Двострано скенирање

Windows & Mac compatible

Компатибилност со Windows и Mac

icon

Ефикасно сериско скенирање

Tilting control panel

Лесен и интуитивен скенирање

eCOPY

Создавање и уредување PDF документи

USB connection

Подобрен квалитет на слика

  • Скенер
  • Фах за снабдување
  • Диск за поставување
  • Kofax VRS диск
  • eCopy PDF Pro диск
  • Документација
  • USB кабел
  • AC адаптер
  • Кабел за напојување

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

CaptureOnTouch Pro

CaptureOnTouch Pro

Овој скенер се испорачува со CaptureOnTouch Pro, професионален квалитет од Canon и софтвер кој е едноставен за користење. Снимајте и класифицирајте серии на скенирање, интегрирајте го скенерот од Canon во вашето деловно работење и вашите работни процеси со документи и зголемете ја вашата продуктивност на едноставен начин.

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

Capture Perfect

Моќна апликација која ви овозможува брзо и ефикасно сериско скенирање на документи. Таа нуди напредни опции за скенирање, како и можност за прегледување во повеќе прозорчиња или со мали сликички.

  • Добивајте прецизни дигитални документи во секое време со достапните функции кои го отстрануваат закосувањето, ја подобруваат читливоста и острината
  • Скенирајте директно кон е-пошта, PDF, фајл или презентација со допир на едно копче
  • Регистрирајте ги рутинските задачи и уредувајте, подредувајте или управувајте со фајловите без напор
  • Поддршка за Kofax VRS

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >
capture_perfect.jpg

Апликации од други програмери на софтвер

eCOPY

Моќна и практична апликација за гледање, создавање, уредување и претворање на PDF фајлови. eCopy нуди сеопфатни опции за обележување, означување и уредување, како и создавање формулари за пополнување со автоматско препознавање на полињата во формуларот. Ви испорачуваме и целосен комплет алатки за потпишување и сигурност на документите.
Компатибилност: Windows



Kofax VRS

Софтверот за обработка на слика VRS, кој е водечки во индустријата, го намалува времето потребно за рачна подготовка на документите, го подобрува квалитетот на скенираните слики и ги максимизира перформансите на скенерите за голем обем. Подобрата читливост и повисоката стапка на препознавање со OCR ја зголемуваат продуктивноста.
Компатибилност: Windows

Комплет за софтверски програмери

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.