Canon CanoScan 9000F Mark II

CanoScan 9000F Mark II

Овој професионален скенер за филмови, фотографии, слајдови и документи нуди едноставно, брзо и разновидно скенирање со исклучителен квалитет и време за загревање еднакво на нула, ракување со еден допир и автоматска корекција на слика.

Canon CanoScan 9000F Mark II

Придобивки

  • Професионален скенер за филмови, фотографии, слајдови и документи
  • Висококвалитетно скенирање: 9600x9600dpi за филм, 4800x4800dpi за фотографии и документи
  • Брзо скенирање на фотографии и документи: прибл. 7 сек. за A4 формат во боја со 300 dpi
  • Скенирање на филм со голема брзина: прибл. 18 сек. за негатив од 35mm со 1200 dpi
  • Работи со разновидни формати: филмска лента од 12x35mm, слајдови од 4x35mm и филм со формат 120 макс. 6x22cm (само филмска лента)
  • Автоматска корекција на слика: вградената технологија FARE ниво 3 отстранува прав, гребнатини и го коригира избледувањето
  • Едноставно ракување со еден допир преку 7 EZ копчиња
  • Време на загревање еднакво на нула и помала потрошувачка на енергија со бела LED диода
  • Скенирајте кон вашата Cloud услуга Evernote или Dropbox
  • Создавајте заштитени PDF фајлови со повеќе страници

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan 9000F Mark II

Подобрен квалитет, исклучителни детали


Уживајте во најдобриот квалитет на репродукција. Овој професионален скенер за филмови, фотографии, слајдови и документи се одликува со CCD сензор кој овозможува скенирање на филмови со резолуција до 9600 x 9600dpi и скенирање на документи и фотографии со резолуција до 4800x4800dpi. Тој создава исклучително детални слики кои се идеални за зголемување и печатење со висока резолуција, а 48-битна длабочина на боја обезбедува прецизна репродукција на бои.

Разновидно управување со филмови


Задоволете ги сите ваши потреби за скенирање филмови без напор со помош на вградениот адаптер за филмови. Тој скенира 12x 35mm филмови и 4x слајдови - или позитивни или негативни - со една операција. Исто така, поддржува филм со формат 120 (макс. 6x 22cm).

Моментално скенирање со голема брзина


Постигнете значително подобрување во продуктивните перформанси при скенирањето. Брзо скенирајте негативи од 35mm, за прибл. 18 секунди при 1200dpi или скенирање на A4 документ или фотографија во боја за прибл. 7 секунди (300 dpi). Исто така, започнете да скенирате веднаш и заштедете енергија, благодарение на времето на загревање еднакво на нула и помалата потрошувачка на енергија со бела LED светилка. Опцијата за автоматското исклучување заштедува енергија преку автоматско исклучување на скенерот по одреден временски период доколку не се користи.

Автоматска корекција на слика


Обновете ги изгребаните, оштетените, старите и избледените филмови со леснотија, без здодевното рачно ретуширање. Уникатната FARE (автоматско ретуширање и подобрување на филм) ниво 3 технологија на Canon - вградена во скенерот - ја врши работата за вас користејќи инфрацрвена светлина која ја скенира површината на филмот за да пронајде физички дефекти.

Едноставно ракување со еден допир


Ракувањето е брзо и едноставно, дури и при најсложените функции. 7 EZ копчиња кои ви даваат моментален пристап до автоматско скенирање, копирање, праќање е-mail и создавање на PDF фајлови со повеќе страни. Копчето за "автоматско скенирање" препознава фотографии, документи и повеќе видови на филмови, обезбедувајќи соодветни подесувања за скенирање и зачувување. Вградениот AC адаптер ја прави единицата покомпактна и го намалува нередот на масата.

Вклучен интелигентен софтвер


Искористете максимум при скенирањето со помош на испорачаниот софтвер My Image Garden и Scanning Utility, кои нудат голем опсег на корисни функции. Управувајте со скенираните фајлови на едноставен начин и користете Auto Document Fix за оптимизирање на печатењето и квалитетот на конечните слики или документи. Конвертирајте документи во PDF фајлови, надополнети со заштита со лозинка за безбедно чување на доверливи информации.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan 9000F Mark II, неговите функции и можности.

Scanning resolution in dots per inch

Резолуција на скенирање во точки по инч

A4 colour document scan speed

Брзина на скенирање на A4 документ во боја

Negative film scanning

Скенирање на негативи од филм

One touch operation

Ракување со еден допир

PDF files creation function

Функција за создавање на PDF фајлови

Film Auto Retouching & Enhancement

Автоматска дополнителна обработка и подобрување на филм

CCD sensor for large colour gamut

CCD сензор за голема палета на бои

One-stop creative software

Едноставен креативен софтвер

  • Скенер

  • USB кабел

  • Кабел за напојување

  • Водич за филм (35mm лента/филм)

  • Водич за филм (среден формат)

  • CD за поставување и печатени документи