CanoScan LiDE 120
Снимајте фотографии и документи со висока резолуција на едноставен начин во домот со помош на овој достапен, стилски и компактен скенер. Уживајте во брзо и директно скенирање кон Cloud услуги преку вашиот компјутер.
Придобивки
- Уживајте во скенирање со висока резолуција до 2400 x 4800 dpi со CIS сензор
- Снимајте фотографии со исклучителни детали и прецизни бои, благодарение на 48-битната внатрешна длабочина на бои
- Заштедете време со скенирањето на A4 формати во боја со 300 dpi за само 16 секунди
- Уживајте во слободата за директно скенирање кон Cloud услуги преку вашиот компјутер
- Ракување без напор со 4 EZ копчиња на допир
- Подобрувајте го текстот, графиката и сликите во скенираните документи поединечно, со помош на технологијата Auto Document and Photo Fix
- Моментално препознавање на документи со едно кликнување со помош на автоматското скенирање
- Поврзете го и напојувајте го преку еден USB кабел за да го минимизирате нередот на работната маса
Детални карактеристики
Погледнете подетални информации за Canon CanoScan LiDE 120
Скенирање со висок квалитет
Задоволете ги сите ваши потреби за скенирање фотографии и документи во домот без напор со помош на овој достапен и висококвалитетен скенер. Тој нуди скенирање со висока резолуција до 2400 x 4800 dpi со CIS сензор. Доловува остар текст, јасни фотографии со исклучително ниво на детали и прецизни бои, благодарение на 48-битната внатрешна длабочина на бои на скенерот. Многу брзо скенирање во A4 формат со 300 dpi за само 16 секунди.
Поврзување со Cloud
Скенирајте и испраќајте висококвалитетни документи и детални фотографии на едноставен начин кон Cloud услуги, како Evernote и Dropbox, преку вашиот компјутер.
Стилски и практичен
Скенирајте со стил. Овој извонредно компактен и стилски скенер не зафаќа многу простор на работната маса и изгледа одлично во секој дом. Скенирајте ги сите видови документи на едноставен начин - вклучувајќи и книги - без промени во стилскиот дизајн, благодарение на напредниот вграден капак.
Едноставно ракување со еден допир
Контролирајте го скенирањето на многу едноставен начин, благодарение на 4-те EZ функциски копчиња на допир. Скенирајте фотографии и документи со само едно кликнување на копчето за автоматско скенирање, кое автоматски го препознава оригиналот и соодветно ги оптимизира подесувањата. Исто така, можете да создавате PDF фајлови, да копирате и да испраќате e-mail пораки за неколку секунди со еден допир на наменските копчиња.
Подобрувања за слики кои заштедуваат време
Обновете ги и подобрете ги вашите фотографии со само едно кликнување. Уживајте во професионални корекции за дел од секундата, автоматско намалување на правта и гребнатините и прекрасно обновување на избледените бои кај старите фотографии со функцијата за отстранување на прав и гребнатини. Освен тоа, можете и поединечно да подобрувате текст, графика и слики во скенираните документи со помош на софтверот Auto Document Fix. Во останатите функции кои заштедуваат време спаѓаат Auto Photo Fix II и Solution Menu EX.
Минимално поврзување со кабли
Минимален неред од кабли на работната маса, благодарение на едниот USB кабел кој служи и за поврзување и за напојување.
Спецификации за производот
Дознајте повеќе за Canon CanoScan LiDE 120, неговите функции и можности.
Резолуција на скенирање во точки по инч
Испраќање кон Cloud
Не е потребно напојување
Брзина на скенирање на A4 документ во боја
Ракување со еден допир
Скенирајте дебели документи или списанија
Функција за создавање на PDF фајлови