Canon CanoScan LiDE 700F

CanoScan LiDE 700F

Со својот генијален дизајн со 3 позиции и капак со можност за завртување за 180°, LiDE 700F ќе ви овозможи скенирање со висока резолуција во простори со секаква големина. Скенирајте 35mm филмови со резолуција до 9600dpi, со исклучителни детали и врвно зголемување.

Придобивки

  • LiDE скенер со CIS сензор
  • Иновативен дизајн со 3 позиции
  • Напојување преку USB 2.0 кабел
  • 9600x9600dpi скенирање на филмови
  • 4800x4800dpi рефлективно скенирање
  • 48-битни бои
  • Режим за автоматско скенирање
  • EZ копчиња со можност за конфигурирање
  • Автоматско QARE отстранување на прав и гребнатини

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan LiDE 700F

LiDE скенер со CIS сензор


LiDE скенерот со CIS сензор ви нуди извонредна комбинација на скенирање со неверојатно висока резолуција и ниска потрошувачка на енергија. Напојуван преку само еден USB кабел поврзан на компјутер, на LiDE 700F не му е потребен дополнителен кабел за напојување, така што тој е навистина пренослив и ќе ви заштеди простор.

Иновативен дизајн со 3 позиции


Генијалниот дизајн на LiDE 700F со држач со можност за одвојување, нуди поставување во 3 позиции - хоризонтално портрет, хоризонтално пејзаж или вертикално – што ќе ви овозможи поставување во речиси секаков простор.

9600x9600dpi скенирање на филмови


Скенирањето со неверојатно висока резолуција од 9600x9600dpi на 35mm филмови е можно благодарение на наменската единица за скенирање филмови која може да се прицврсти (се испорачува). Ова значи дека негативите/позитивите на вашите 35mm филмови ќе можете да ги зголемувате и печатите со неверојатни детали.

4800x4800dpi рефлективно скенирање


Овој скенер со рамно лежиште може да се користи во каква било позиција, нудејќи ви прецизно и остро скенирање на слики и документи со оптичка резолуција до 4800x4800dpi.

48-битен влез


Добијте реалистична репродукција на боите со 48-битниот влез, кој нуди можност за реплицирање на милијарди одделни бои – подобрувајќи го скенирањето во боја со неверојатно прецизна длабочина и тон.

Режим за автоматско скенирање


Со едно притиснување на копче, режимот на автоматско скенирање го препознава типот и форматот на оригиналот, кој потоа се скенира и се зачувува со користење на соодветните параметри. Ракувањето со едно притиснување на копче ќе ви заштеди време преку елиминирање на потребата за долго конфигурирање на параметрите.

EZ копчиња со можност за конфигурирање


Четирите EZ копчиња со можност за конфигурирање овозможуваат брзо и практично користење на функциите за PDF, копирање, скенирање и е-mail. Можете да ги изберете параметрите и да ги доделите на некое од копчињата – откако овие конфигурации ќе бидат зачувани вие ќе можете да го користите скенерот токму онака како што ви е потребно.

QARE отстранување на прав и гребнатини


QARE е кратенка за Quick Automatic Retouching and Enhancement (брзо автоматско ретуширање и подобрување) технологијата. Рефлективните документи и старите фотографии отсега можат да бидат подобрени и отпечатени на квалитетен фото печатар. LiDE 700F автоматски го детектира и отстранува правот од скенираните содржини за добивање на беспрекорни резултати кои ќе ви заштедат време преку избегнување на напорното ретуширање по скенирањето. Поддржана од ScanGear, QARE технологијата нуди одлични ефекти на ретуширање без зголемување на цената.

Вклучен софтвер


MP Navigator EX софтверот од Canon ви нуди управување со скенираните фајлови: конвертирајте ги документите во PDF со можност за пребарување, заштитете ги со лозинка и користете OCR за преку 15 јазици.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan LiDE 700F, неговите функции и можности.

Scanning resolution in dots per inch

Резолуција на скенирање во точки по инч

No power connection required

Не е потребно напојување

A4 colour document scan speed

Брзина на скенирање на A4 документ во боја

Negative film scanning

Скенирање на негативи од филм

One touch operation

Ракување со еден допир

PDF files creation function

Функција за создавање на PDF фајлови