Без разлика дали снимате портрети во студио со режимот за прегледување во живо или го користите визирот за да доловите одлучувачки момент, EOS 6D Mark II овозможува брзо и прецизно фокусирање за неверојатно остри резултати.
Сите 45 AF точки на EOS 6D Mark II се од вкрстен тип за да овозможат извонредна чувствителност и прецизност. Една точка од двоен вкрстен тип во центарот фокусира прецизно дури и при месечева светлина (-3 EV), што значи дека сигурно ќе ја добиете потребната острина кога најмногу ќе ви биде потребна.
Оваа чувствителност овозможува и автоматско фокусирање (со најмногу 27 точки) со максимални решетки дури до f/8 – корисни при користење извонредни телефото објективи со телеконвертори, на пример.
45-те AF точки од вкрстен тип на EOS 6D Mark II се распределени низ широка површина во визирот и овозможуваат фокусирање со неверојатна прецизност. Остриот фокус се задржува кај предметите во движење кога фотографирате динамични настани или брзи движења, дури и при фотографирање со 6,5 слики во секунда.
Кога фотографирате во режимот за прегледување во живо преку екранот со променлив агол на EOS 6D Mark II, Dual Pixel CMOS AF фокусира со извонредна брзина и прецизност. Допрете за да изберете предмет што ќе се следи и ќе биде остро фокусиран додека се движи низ кадарот.