Држач со батерија BG-E21 од Canon
Додајте му држач со батерија на вашиот компатибилен фотоапарат EOS за да ја зголемите издржливоста на батеријата и да го подобрите начинот на ракување со фотоапаратот
Независно дали сакате да фотографирате поамбициозни проекти или допрва станувате професионални фотографи, EOS 6D Mark II ви нуди сè што ви е потребно за да ги направите следните возбудливи чекори
Разгледајте ги функциите што ќе ви понудат креативна предност
Овој референтен DSLR дизајн располага со заштита од прав и влага и ќе ви изгледа познат, така што веднаш ќе се вклопи во вашата EOS опрема.
26,2
целосна слика
45
AF точки
Dual Pixel
CMOS AF
ISO
100-40000
Пром. агол
LCD екран
Wi-Fi
и Bluetooth®
Фотографите за портрети ќе се воодушеват од малата длабочина на полето што ја создава сензорот за целосна слика на EOS 6D Mark II и од можноста за доловување моментални изрази на лицето со брзина од 6,5 слики во секунда. Кога фотографирате пејзажи, сензорот со 26,2 мегапиксели на фотоапаратот снима слики исполнети со детали и голем динамички опсег што се одликуваат со реалистична длабочина и острина.
Напредниот автоматски фокус користи 45 точки од вкрстен тип за да фокусира со неверојатна прецизност, дури и во темни услови како што е месечевата светлина. Фотографирајте со сигурност кога користите мала длабочина на поле и следете ги динамичките објекти што се движат низ кадарот.
Големиот визир со пентапризма на EOS 6D Mark II нуди исклучително јасен приказ на светот, овозможувајќи ви да воспоставите природна поврзаност со вашите објекти и да фотографирате поинстинктивно.
Фотографирањето од ниски агли или над главите на луѓето е едноставно благодарение на екранот со променлив агол на EOS 6D Mark II кој излегува нанадвор и ротира во две насоки. Обидете се да го користите од висина на половината за поприродни портрети.
Ставајте географски ознаки со вашата тековна локација во секоја фотографија што ќе ја снимите, без разлика во кој дел од светот се наоѓате. Тоа е одлично за следење на вашите патувања кога барате локации или за пишување прецизни коментари на сликите за да ги раскажете вашите авантури.
EOS 6D Mark II користи Bluetooth® за да воспостави Wi-Fi врска со вашиот паметен уред** и лесно се поставува. Пребарувајте и избирајте слики преку екранот на вашиот уред, а потоа споделете ги со пријателите. Вашиот уред ќе може да се користи и за далечинска контрола на фотоапаратот – вклучувајќи и прегледување во живо.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Снимајте Full HD видеоснимки со врвен квалитет и со мала длабочина на полето што е карактеристично за професионалните видеоснимки. Dual Pixel CMOS AF се прилагодува рамномерно за да го задржи фокусот на предметите во движење без нагли промени во фокусот, а вградената дигитална стабилизација со 5 оски ги елиминира несаканите движења на фотоапаратот.
Со фотоапаратот може да снимате 4K видеоснимки со забрзани движења и да ги доловите движењата во сцените што се менуваат бавно со неверојатни детали.
Фотоапаратот EOS 6D Mark II е поддржан од систем на фотоапарати, објективи и дополнителна опрема на кои им веруваат професионални фотографи од целиот свет.
Дознајте повеќеEF-приклучок
RF-приклучок
Само објективи со EF-приклучок
Објективите RF, EF и EF-S може да се користат со адаптерот за монтирање објективи EF-EOS-R
26,2 мегапиксели, целосна слика
26,2 мегапиксели, целосна слика
DIGIC 7
DIGIC 8
40.000
40.000
Да
Да1
45 точки од вкрстен тип 27 AF-точки со чувствителност до f/8
До 4799 изборни положби за AF Чувствителност до f/11 AF на очи
Чувствителност до -3EV2
Чувствителност до -5EV3
6,5 fps со Servo AF
5 fps со фиксен AF 4 fps со Servo AF
Full HD со 60 fps Режим за 4K-видеоснимки со забрзано движење
4K-видео со 25 fps Режим за 4K-видеоснимки со забрзано движење Full HD-видеоснимки со 60 fps
Да
Да
Да
Да
Оптички визир Покриеност од 98% Растојание до окото од 21 mm
OLED-екран со 2,36 милиони точки Електронски визир Растојание до окото од 22 mm
Не
Режим за бесшумно фотографирање
SD (UHS I)
SD (UHS II)
Да, вграден
Преку изборниот додаток GP-E2 или преку паметен уред впарен преку Bluetooth™
765 g
485 g
144,0 x 110,5 x 74,8 mm
132,5 × 85 × 70 mm
BG-E21
Не е достапно
LP-E6 1200 снимки (CIPA-стандард)
LP-E17 250 снимки (CIPA-стандард) Полнење преку USB со PD-E1
1 AF со откривање контраст се користи за снимање 4K-видео
2 Централна точка, кога се користи со објективи со f/2,8 или поголем отвор на блендата, режим со една снимка
3 Централна точка, кога се користи со објективи со f/1,2, режим со една снимка
EOS 6D Mark II
Заштитник за очи Eb
Капаче за фотоапарат R-F-3
Ремен за фотоапарат
Батерија LP-E6N
Полнач за батерии LC-E6E
Комплет со упатство за користење
Додајте му држач со батерија на вашиот компатибилен фотоапарат EOS за да ја зголемите издржливоста на батеријата и да го подобрите начинот на ракување со фотоапаратот
Сигурен и практичен далечински управувач за фотоапарати EOS со Bluetooth, идеален за долги експозиции и макро фотографирање
Блиц Speedlite со уникатна моторизирана глава за одбивање светлина што е наменет за автоматско професионално осветлување
Пренослив и моќен Speedlite блиц кој е едноставен за користење – кога е приклучен на фотоапаратот и кога се користи посебно
Полнете ја батеријата на вашиот EOS во автомобилот
Дизајнирана за професионална употреба. Екстремно голема брзина на снимање и огромен капацитет за складирање.
Фотографирајте безжично на растојанија до 5 m со вашиот компатибилен фотоапарат
Фотографирајте без да го допрете вашиот фотоапарат и снимајте слики на редовни интервали за проекти со забрзани движења
Активирајте го безжично вашиот фотоапарат EOS на голема оддалеченост - до 91,5 m (300 ft)
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите.
Моќен DSLR фотоапарат со разновидни опции и брз одзив за експериментирање со вашата креативност.
AF и брзина од следната генерација. Сензор со 20,2 мегапиксели. 10fps. Робустно куќиште од магнезиумска легура.
Без разлика што фотографирате, бидете сигурни дека ќе добиете беспрекорен квалитет на слика и моќни професионални перформанси.
* Употребата на GPS уредот може да биде ограничена во одредени земји или региони. Користењето на GPS уред треба да биде во согласност со законите и правилата на државата и областа во која се употребува, вклучувајќи ги и сите ограничувања за користење на електроника.
** Постојаното одржување на активна врска помеѓу паметниот уред и фотоапаратот преку Bluetooth® треба да се постави во апликацијата Canon Camera Connect. Стабилноста на Bluetooth® врската зависи од моделот на паметниот уред и други фактори во опкружувањето. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth® SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Компатибилните паметни уреди треба да имаат Bluetooth® верзија 4 (или понова), да користат iOS 8.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов) и да ја имаат инсталирано најновата апликација Canon Camera Connect (достапна од Apple App Store или Google Play Store)