Оптимизиран квалитет на слика
Обработката на слики во самиот фотоапарат ви овозможува максимално искористување на квалитетот на слика. Нашата технологија за дигитална оптимизација на објективот (DLO) може да се примени додека фотографирате, при што сите слики ќе се прилагодат според карактеристиките на објективот. Какви резултати ќе добиете? Слики што се остри и исполнети со детали - директно од фотоапаратот.
RAW-датотеките може да се конвертираат во JPEG-датотеки во самиот фотоапарат благодарение на вградената обработка на RAW-датотеки, а ќе можете и детално да ги прилагодувате вашите слики со функцијата за креативна помош. Процесорот DIGIC 8 овозможува прилагодување на сликите и создавање повеќе верзии од истата слика што ќе имаат различен изглед.
< Назад кон прегледот на EOS 90D