Батерија LP-E17 од Canon
Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат
Нашиот најдобар фотоапарат без огледало за ентузијасти што сакаат да раскажуваат приказни со беспрекорен квалитет и брзина на DSLR фотоапарат.
EOS M5 е моќен придружник во потрагата по совршени снимки кој се одликува со најдобрите карактеристики од компактните фотоапарати и DSLR фотоапаратите од Canon и претставува совршен спој од високи перформанси и ракување во стил на EOS со мали димензии.
24,2
МЕГАПИКСЕЛИ
7 fps
СО AF
60P
FULL HD
Неверојатен EOS квалитет сместен во компактен фотоапарат без огледало со APS-C CMOS сензор со 24,2 мегапиксели и DIGIC 7.
Доловувајте брзи и спонтани движења, благодарение на брзото вклучување, Dual Pixel CMOS AF и DIGIC 7. Тие овозможуваат брзини на AF слични на DSLR и непроменливо континуирано фотографирање со брзина до 9 fps.
Снимајте Full HD видеоснимки со 60p и филмски изглед со помош на Dual Pixel CMOS AF за прецизно следење и со вградената дигитална стабилизација со 5 оски.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Разберете ја суштината на EOS DNA. Искористете ги максимално вашите EF објективи преку адаптерот за монтирање и уживајте во префинета DSLR ергономија со голем и централно поставен EVF со голема резолуција и 100% покриеност на кадарот и неверојатно брза стапка на освежување.
Брзо поврзувајте паметни уреди, снимајте далечински и правете резервни копии во Cloud користејќи Wi-Fi со NFC и синхронизација на сликите. Одржувајте постојана врска помеѓу фотоапаратот и паметниот уред преку Bluetooth®* и лесно воспоставувајте целосна врска преку апликацијата Camera Connect.
Сензор со 24,2 мегапиксели и APS-C големина
Моќна обработка со DIGIC
Брзо и прецизно фокусирање
Фотографирајте со брзина од 7 fps со Servo AF
Јасни и реалистични видеоснимки со движења
Стабилни видеоснимки, дури и со објективи без стабилизација на слика
Голем централен електронски визир
Екран на допир со неверојатно висока резолуција и можност за вртење
Поврзете се на едноставен начин, а потоа споделувајте безжично
Постојано активна врска
Содржи сè што ви е потребно за да почнете со користењето и капаче за заштита на вашиот фотоапарат.
Куќиште EOS M5
Капаче за фотоапарат R-F-4
Ремен EM-300DB
Кабел за интерфејс IFC-600PCU
Полнач за батерии LC-E17
Батерија LP-E17
Кабел за напојување
* За да ги користите објективите EF 70-200mm f/4L IS II USM, EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM со EOS M5, ќе треба да го користите и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS M.
Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат
Овој компактен адаптер за монтирање објективи ви овозможува да ги поврзете сите објективи EF и EF-S со целата палета на фотоапарати без огледало EOS M
Носете го вашиот фотоапарат во стил со овој врвен ремен за на врат од вештачка кожа
Дизајнирана за професионална употреба. Екстремно голема брзина на снимање и огромен капацитет за складирање.
Стилска и елегантна навлака за куќиште од вештачка кожа во кафеава боја што ќе ви помогне да го заштитите вашиот EOS M5
Блиц Speedlite со високи перформанси за професионални фотографи
Стилска и дискретна поштенска торба за безбедно носење на вашата опрема за фотографирање и личните работи
Носете го вашиот фотоапарат во стил со овој врвен ремен за на врат од вештачка кожа
Фотографирајте безжично на растојанија до 5 m со вашиот компатибилен фотоапарат
Фотографирајте без да го допрете вашиот фотоапарат и снимајте слики на редовни интервали за проекти со забрзани движења
Колекција инспиративни слики снимени со EOS M5
GALI TIBBON
Филозофско и фотографско патување во Врњачка Бања во Србија со истражувачот Gali Tibbon од Canon.
CHRISTOPHER ANDERSON
Откријте како познатиот фотограф Christopher Anderson за Magnum ги истражува новите опкружувања во Барселона и ја доловува таканаречената „поезија на улиците“.
SARAH CARON
Францускиот фоторепортер Sarah Caron повторно патува во Куба за поинаква задача од нејзината прва задача во 1994 година, за да доловува детали со EOS M5.
Добијте поголема моќ за изразување и заштитете го вашиот фотоапарат со дополнителната опрема за системите EOS, во која спаѓаат Speedlite блицови, резервни батерии, торби за фотоапарати и многу повеќе.
Серијата EOS M од Canon е совршена за сите на кои им е потребен мал и лесен фотоапарат што нуди DSLR квалитет.
*Опремен со технологија за Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија.