Објективи за EOS M

Canon Mount Adapter EF-EOS M

Прикачете ги сите EF објективи на вашиот EOS M, без загуби во квалитетот или брзината, преку овој лесен адаптер за монтирање.

Придобивки

  • Мал и лесен адаптер за монтирање EF-M наменет за EOS M

  • Компатибилност со целосната палета

  • Отстранливо лежиште за статив

Детални карактеристики

  • Мал и лесен адаптер за монтирање EF-M

    Мал и лесен, наменет за EOS M, адаптерот за монтирање EF-EOS M е практичен за носење, без разлика каде одите. Тој ви овозможува да го користите EF-M приклучокот на вашиот EOS M за да можете да го прикачите секој објектив од обемната палета на објективи за системот EOS од Canon - поврзувајќи ве со свет на креативни можности.

  • Компатибилност со целосната палета на EF и EF-S објективи од Canon

    Надополнете го вашиот EOS M систем и откријте ја вашата креативност. Адаптерот за монтирање EF-EOS M ви нуди целосен пристап до палетата на EF и EF-S објективи од Canon, така што ќе можете да ги користите вашите постоечки објективи и да пробате некои нови за да ги добиете саканите снимки. Обемната палета содржи објективи за зумирање со фиксен фокус и опсег на фокусно растојание од 8mm до 800mm - за да можете да снимите сè, почнувајќи од неверојатни и широки пејзажи па сè до прекрасни телефото снимки од дивината во далечината. Исто така, можете да експериментирате и со специјалните објективи како што се макро објективите, кои ви овозможуваат да снимате врвни снимки одблиску од скриените детали во секојдневниот живот или, пак, објективите со ефект на рибино око кои ќе ви овозможат да создадете уникатни фотографски ефекти.

  • Отстранливо лежиште за статив

    За да добиете совршено балансирање на вашиот фотоапарат додека снимате прекрасни слики со намалено заматување, адаптерот за монтирање EF-EOS M ви нуди и отстранливо лежиште за статив, кое ви овозможува да ги потпрете тешките објективи на статив.