ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Усовршување на движењето при 30 fps

Во срцето на EOS R3 е двослоен сензор со задно осветлување - ексклузивно дизајниран од Canon. Тој е побрз и почувствителен од сè што сме ставиле во фотоапаратите претходно, што значи подобри перформанси кога фотографирате под притисок.
EOS R3

Новиот сензор има кола на задната наместо на предната страна, така што може да собере повеќе светлина, со што се намалува шумот. Два слоја на кола се „натрупани“ заедно, трансформирајќи ја брзината со која сензорот може да испрати податоци за сликата до неговиот DIGIC X процесор. Оваа брзина не само што овозможува континуирано фотографирање со 30 fps (со континуиран AF и AE), туку овозможува и фотоапаратот да го проверува фокусот 60 пати во секунда. Електронскиот визир без затемнување се освежува со 120 fps за изненадувачки природно искуство, дури и кога фотографите субјекти со голема брзина.

Спецификацијата на сензорот е оптимизирана за да биде совршена рамнотежа од резолуција, перформанси при слаба осветленост и датотека со пренослива големина, исполнувајќи ги барањата на професионалните фотографи за вести и спорт. Дигиталниот оптимизатор за објектив ги максимизира деталите што се можни од објективот во комбинација со сензорот, за да понуди квалитетна слика далеку над очекувањата.

EOS R3

Фотографирано во 1/64.000 секунда за да се замрзне на движењето на балонот што пука.

EOS R3
EOS R3

Електронскиот визир без затемнување се освежува со 120 fps за изненадувачки природно искуство, дури и кога фотографите субјекти со голема брзина.

EOS R3

Најсовремена електронска бленда

Неверојатната брзина на сензорот на EOS R3 ќе го смени начинот на кој размислувате за електронските бленди. До сега, ефектите на ротирачка бленда создаваа изобличување при фотографирање на субјекти што се движеа брзо и фотографите немаа друга опција освен да преминат во режим на механичка бленда. Но, со EOS R3 работите се поинакви.

  • Изобличување заради ротирачка бленда

    Ефектот на ротирачка бленда ја изобличува шипката на палката за голф - таа изгледа малку закривено.

  • Намалено изобличнување

    Блендата во EOS R3 во голема мера го намалува ова изобличување.

  • Бидејќи сензорот може многу бргу да ги исчисти податоците на сликата, ефектите на ротирачка бленда се елиминирани. Сега фотографите може да користат електронска бленда за замрзнување на движењето, со револуционерни брзини до 1/64.000 секунда и во целосна тишина. Освен тоа, можна е и синхронизација на блицот со електронската бленда, при брзина до 1/180 секунда, со Canon Speedlites или со блицеви од трети страни.

    Електронската бленда во EOS R3 е толку тивка колку што замислувате дека е – но овој пат може да фотографира со неверојатни 30 кадри во секунда, со целосно следење на AE и AF и со било кој RF објектив. Достапен е и режим за континуирано фотографирање со приспособена голема брзина, кој овозможува приспособување на стапката на слики до 195 fps, за снимање серии од максимум 50 слики1. Ќе можете да видите детали од движењето на објектите што се движат брзо, кои инаку не се видливи при стандардно фотографирање.

    Инстантната реакција е предуслов за секој фотограф за вести, без разлика дали се работи за намалено време на стартување или намалено заостанување на блендата на 0,02 секунди со опција во менито. Како што се очекува од Canon, фотографирањето со брзина од 30 fps е достапно во сите режими на фотографирање, вклучително и 14bit RAW.

    EOS R3

    Слаба осветленост? Нема проблем

    Со опсег на чувствителност на ISO од ISO 100 до ISO 102.400 (може да се прошири на ISO 50 до ISO 204.800), EOS R3 може да се справи со практично сите услови на осветлување што сакате да ги поставите. Новиот дизајн на сензорот со задно осветлување носи нови нивоа на динамичен опсег и намален дигитален шум. Во комбинација со способноста на EOS R3 да фокусира при многу слаба осветленост, добивате машина што навистина е крал за фотографии при слаба осветленост.

    Детекција на треперење со електронска бленда

    Напредокот во технологијата за сензори на Canon значи дека EOS R3 е првиот EOS без огледало што нуди детекција на треперење при користење на електронска бленда. Откривањето на треперење со висока фреквенција може да го отстрани опсегот при фотографирање под ЛЕД извори на светлина, за да го зголеми бројот на употребливи слики фотографирани во деликатни услови.

    Слични статии

  • СТАТИЈА

    Дали Canon EOS R3 може да го долови малиот и молскавично брзиот морски пескар?

    Италијанскиот фотограф за див свет Бруно Д'Амисис го тестира EOS R3, фотографирајќи ретка и неверојатно брза птица на плажите во Абруцо.

  • СТАТИЈА

    Одење во дивината со Canon EOS R3

    „Има подобри перформанси од сè она со што работев во минатото! Фотографот на мото спортови Владимир Рис го испроба Canon EOS R3 при неговото прво фотографирање на рели со електрични автомобили.

  • СТАТИЈА

    Живот во брзата лента со супер-телефото објективите на Canon

    Фотографот од мото спортови , Владимир Рис, ја фаќа брзината со објективите Canon RF 400mm F2.8L IS USM и RF 600mm F4L IS USM при фотографирање брзо рели со автомобили со Canon EOS R3.

  • СТАТИЈА

    Објаснување на AF со контрола со очи

    Дознајте ги интерните детали за неверојатниот систем за AF со контрола со очи на Canon, кој ја поставува или ја менува точката AF преку детекција на она што го гледате.

  • Пријавете се веднаш

    Бидете првите кои ќе добиваат новости за EOS R3 и бидете во тек со идните новости.
    1. AE и AF со следење не се достапни во режимот за секвенцијално фотографирање со голема брзина. Максималниот број на снимени слики може да се постави до 50