Canon ви го нуди најдобриот фотоапарат од типот „насочи и фотографирај“ кој е елегантен, стилски и доволно мал за да го носите во џеб или во торба.
Покажете го вашиот стил со компактен фотоапарат IXUS. Палетата на компактни фотоапарати IXUS со тенок и стилски дизајн ви нуди фотоапарати кои ќе се усогласат со вашиот стил и ќе ви обезбедат функции што ќе одговараат на вашиот животен стил.
Wi-Fi со динамички NFC ви овозможува да се поврзете и да споделувате со компатибилни паметни уреди или да вчитувате на социјалните мрежи директно од фотоапаратот. Користете ја апликацијата Camera Connect од Canon на паметниот телефон за да го контролирате безжично и далечински фотоапаратот.
Интелигентниот автоматски режим автоматски ги избира совршените поставки за вас, независно од сцената. Истражете ја вашата креативност со уметнички и забавни креативни режими.
Бидете оригинални без напор со режимот за креативни снимки, кој автоматски снима пет дополнителни слики од вашата фотографија на уметнички и интересни начини.
Сите функции не се достапни кај сите фотоапарати.