Canon PowerShot PX

Компактни дигитални

Canon PowerShot PX

Документирајте ги важните моменти од вашиот живот автоматски. Оваа паметна и компактна камера интелигентно го обликува кадарот и снима фотографии и видеоснимки, овозможувајќи ви да уживате во моментот.

Сега е достапен нов фирмвер што ја додава функцијата за помош при следење и многу други практични функции. Преземете го од страницата за поддршка.

Погледнете го PowerShot PX во акција

Eimear го користеше PowerShot PX со младите членови од нејзиното семејство. Погледнете како фотоапаратот снима фотографии и видеоснимки и ѝ овозможува на Eimear да биде дел од случувањата.
Canon PowerShot PX

ТЕХНОЛОГИЈА

Доловете го моментот. Уживајте во моментот

Препуштете му на PowerShot PX да ги долови важните луѓе и моменти во вашиот живот бидејќи може автоматски да снима фотографии и видеоснимки со помош на објективот што се врти и закосува, а вие може да уживате во моментот.

Canon PowerShot PX

Сите ќе бидат опфатени во сликата - вклучувајќи ве и вас

  • Снимено со паметен телефон

    Кога се снимаат фотографии од семејството, некој недостасува - фотографот. Ако тоа сте вие, тогаш дали постои начин да бидете вклучени?

  • Снимено со PowerShot PX

    Уживајте во вашето време со семејството и снимајте многу слики со PowerShot PX автоматски, за да може да уживате во моментите.

Едноставен и пренослив дизајн

PowerShot PX може да се носи насекаде благодарение на можноста за полнење преку USB-C и вградениот Wi-Fi што ве поврзува со вашиот паметен уред. Дали сакате поголема контрола? Треба само да прашате - уредот се активира гласовно. Изговорете „Hello Pixie, take a picture“ и тоа е сè, без да ги користите рацете! Достапни се четири гласовни команди за практични функции како снимање видео и пронаоѓање луѓе кои треба да се снимат.****

Canon PowerShot PX

Насмевки. Смеа. Сите изрази на лицата на вашите сакани.

Најдобрите фотографии не секогаш се добиваат од позирање со насмевка, иако отсекогаш биле популарни. PowerShot PX може да долови најразлични изрази и драгоцени реакции што лесно може да ги пропуштите.
Canon PowerShot PX

АПЛИКАЦИЈА

Работи беспрекорно со апликацијата за паметни телефони.

Оставете ја апликацијата Connect за мини PTZ-камери да ви ги препорача најдобрите слики и видеоснимки. Таа ќе се погрижи за сложените процеси и ќе ги подреди добрите и не толку добрите содржини, за да не треба вие да го правите тоа.
Canon PowerShot PX

ФУНКЦИЈА

Користете го како безжична веб-камера

PowerShot PX може да се користи и како веб-камера, со помош на Wireless Webcam Utility за мини PTZ-камери, поради што е многу практичен и корисен.


*Достапно само за компјутери со Windows 10

Canon PowerShot PX
Photographer looking down view finder

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Спецификации

  • Објектив со зум што може да се поместува и закосува

    Објективот со зум од 19-57 mm (еквивалент) што може да се врти хоризонтално за 340˚ и да се закосува за 110˚ ги следи случувањата и снима одлични фотографии и видеоснимки

  • Снимајте фотографии со 11,7 мегапиксели и Full HD-видеоснимки со 60p

    За содржини со одличен квалитет што ќе ги чувате со години

  • Вграден Wi-Fi

    Се поврзува со домашни Wi-Fi-мрежи и паметни уреди

  • Полнење преку USB-C

    Едноставно полнење каде и да сте

  • Препознавање субјекти

    Приоритизирање одредени лица

  • Гласовно активирање

    За моментите во кои сакате да одлучите кога да се фотографира - идеално за групни фотографии

  • Поврзан со вашиот дигитален стил на живеење

    Wi-Fi и Bluetooth® за лесно поврзување со паметни телефони и таблет-уреди. Нашата апликација ги прикажува сите слики и видеоснимки и ги категоризира

Canon PowerShot PX
Canon PowerShot PX

Што содржи кутијата

Запознајте се лесно со PowerShot PX. Веројатно веќе имате компатибилен полнач***, па затоа помогнете ни да ја зачуваме животната средина.

  • PowerShot PX

  • Кабел за интерфејс

  • Прирачник за корисници

    *Вклучено во неопходната опрема (не е достапен во сите региони): полнач за напојување и полнење и Micro SD-картичка од 16 GB.

Слични статии

Прочитајте приказна за PowerShot PX и како тој помага во снимање многу слики и видеоснимки за да може целото семејство да ужива заедно.

  • СЕМЕЈНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Снимајте моменти без напор

    Снимајте ги секојдневните моменти на едноставен начин со Canon PowerShot PX.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПОРТРЕТИ

    Фотографирање групни портрети

    Четири амбасадори на Canon ги споделуваат своите совети за снимање неверојатни групни фотографии.

  • ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ

    Водич за божиќни подароци од Canon

    Пронајдете ги совршените подароци за семејството и пријателите во оваа сезона на подарување.

  • Слични производи

    • Компактни дигитални

      PowerShot ZOOM

      PowerShot што може да го држите во една рака и да снимате волшебни семејни моменти или диви животни со зум од 100 mm, 400 mm2 или со дигитален продолжен зум од 800 mm.
    1. * Зборот, ознаката и логото на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.
    2. ** Паметниот телефон треба да биде опремен со Bluetooth верзија 4.0 (или понова верзија). Исто така, паметниот уред треба да го користи оперативниот систем iOS 8.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов).
    3. *** Потребен е USB Type-C со минимум 5 V / 1,5 A за полнење, 9 V / 2 A за континуирано напојување за време на фотографирањето.
    4. **** Функцијата за гласовно активирање не е достапна во сите региони. Достапни се 4 гласовни команди со специфични зборови.