Wi-Fi адаптер со големина на SD картичка за компатибилни EOS фотоапарати со два отвора за картички*
Поврзете се со Wi-Fi функционалноста за компатибилни EOS фотоапарати со два отвора за картички*, којашто ви овозможува пренос на слики и видеоснимки, преглед во живо и далечинско снимање.
Wi-Fi адаптерот W-E1 овозможува поврзување на компатибилен EOS фотоапарат со два отвори за картички на вашата Wi-Fi мрежа во домот или студиото. Тој исто така овозможува директни ад-хок поврзувања со уредите како што се паметните телефони и таблет уредите со Camera Connect, или пак Mac компјутерите и компјутерите со софтверот EOS Utility, за да можете да се поврзете каде и да сте.
Создавајте слики користејќи го екранот на вашиот паметен телефон, таблет уред или компјутер. Уживајте го чистиот преглед без оглед на тоа каде е позициониран вашиот фотоапарат, и темпирајте ги вашите слики за да ги доловат случувањата. Подесувањата на фотоапаратот може да се менуваат, а исклучителната острина може да се постигне со зумирање на сликата. За да ја подесите или да ја промените активната точка на автоматското фокусирање, едноставне допрете или кликнете.
Споделувајте индивидуални слики преку поврзување на вашиот фотоапарат со компатибилен iOS/Android паметен уред на кој е инсталирана апликацијата Canon Camera Connect, или на PC/Mac компјутер со EOS Utility. Откако ќе ги пренесете, сликите може да се вчитаат преку интернет и да се погледнат на екранот. Или пак, зошто да не започнете со уредувањето пред да дојдете дома?
Работете безжично, снимајте слики на растојание до 10m од вашиот фотоапарат. Одлично за снимање од необични гледни точки или при фотографирање на објекти на коишто можеби им е страв од вашето присуство.
Wi-Fi адаптерот W-E1 се вметнува во отворот за SD картички кај компатибилните EOS фотоапарати со два отвори за картички* за да им овозможи да се поврзуваат на Wi-Fi мрежи без притоа да им ги зголеми димензиите. Со тежина од само 2g, нема ниту да го почувствувате – сè додека не го употребите.
* Компатибилност со EOS 7D Mark II, EOS 5DS и EOS 5DS R преку ажурирање на фирмверот. Потребен е софтверот EOS Utility кој ќе се користи на Apple MacOS или Microsoft Windows или, пак, софтверот Camera Connect кој ќе се користи на Apple iOS или Android.