Не е толку страшно кога Canon Creative Park се подготвува за Ноќтта на вештерките. Изберете од разните отпечатоци и прилагодете ја вашата маска, декорација од хартија или играчка во духот на овој празник.
Секој модел е посебно дизајниран да ја разгори имагинацијата на вашето дете и да развие повеќебројни креативни способности преку оригинални занаетски хартиени идеи. Единствено што ви треба е печатач, малку материјали и слободно време.
Ако вашето дете секогаш бара авантура и вие постојано во моментот треба да смислувате нешто ново, Creative Park е овде да ви помогне. Моделите лесно се склопуваат и се соодветни за секоја возраст а тоа ги прави совршени за квалитетно да си го поминете времете со сите дома.
Со ваша помош, ние креиравме сопствена книга „Бесконечната авантура“! Напишана од познатата париска авторка Denitza Mineva-Deslandes, приказната се фокусира на патувањето низ кое ќе поминат 9-те карактери со цел да го спасат нивниот пријател. Главни карактери во книгата станаа играчките кои најчесто беа креирани од родителите и децата од 9 земји. Уживајте во читањето на оваа книга на вашето дете!