Canon Matte Photo Paper MP-101

Matte Photo Paper MP-101

Матираната фото-хартија овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршница. Исто така, погодна е и за покреативно користење, како на пр. за честитки, изложувањa и занаети со хартија.

Придобивки

  • Матирана завршна обработка без сјајност
  • Висока осветленост и живописни, јасни слики
  • Совршен партнер за мастилата Lucia и ChromaLife100+ од Canon

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon Matte Photo Paper MP-101

Креативни медиуми


Со својата висока осветленост, матираната фото-хартија е одлична за печатење фотографии со мека завршна обработка и графикa со живописни бои. Исто така, погодна е и за покреативно користење - кога уметничката вештина треба да дојде до израз, ова е вистинската хартија.

Моментално сушење на фотографиите


Оригиналните видови хартија за фотографии од Canon имаат прекривен слој со микро-пори кои брзо го впиваат мастилото длабоко под површината за да се спречи задржување на прекумерно мастило на површината на хартијата. Резултат: моментално сушење на отпечатените фотографии.

Фотографии кои ќе траат доживотно


Матираната фото-хартија е совршен партнер за мастилата Lucia и ChromaLife100+ од Canon. Главата за печатење FINE во комбинација со мастилата и оригиналната хартија за фотографии од Canon ги заштитуваат фотографиите од гасови и светлина, со цел да ги зачуваат вашите скапоцени спомени за идните генерации.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon Matte Photo Paper MP-101, неговите функции и можности.

170-gsm

Тежина во грамови по метар квадратен

0.22-mm

Дебелина во милиметри