Напредниот научен калкулатор F-715SG, кој има голем 2-линиски LCD екран, се испорачува во три различни бои. Тој е делумно изработен од рециклирани материјали од Canon, поради што претставува оддржлив избор.
Подетално разгледување на Canon F-715SG
Идеален за учење, проверки и решавање на проблематични задачи од
домашната задача, научниот калкулатор F-715SG се одликува со
исклучително голем 2-линиски LCD екран. Вредностите се прикажуваат
во првиот ред, а резултатите во долниот - прикажувајќи одговори со
10 цифри и експоненти со 2 цифри. Големината на знаците на
примарниот приказ изнесува 9,6 x 3,96mm, овозможувајќи едноставно и
прецизно отчитување на резултатите со еден поглед.
Интелигентен во секој поглед, овој научен калкулатор се одликува со
сите неопходни функции кои им се потребни на студентите во
изучување на математиката и науката, вклучувајќи општа математика,
тригонометрија, статистика, физика и градежништво. За решавање на
напредните проблеми, F-715SG нуди вкупно 250 функции и одлики. Тој
нуди можност за зачувување во меморија и повикување на 17
пресметки, при што корисниците можат да истражуваат различни
пристапи и концепти. Покрај тоа, внатрешните пресметки можат да се
вршат со користење на 16 цифри, а со тоа да се добијат и поточни
резултати.
F-715SG истовремено претставува практично и оддржливо решение. Тоа
се должи на употребата на рециклирани пластични материјали од
страна на Canon за изработка на долниот дел од куќиштето и тврдото
куќиште. Втора шанса за рециклираните ресурси.
Овој научен калкулатор работи и на соларна енергија и на заменлива
батерија, при што нуди континуирана сигурност и обезбедува двојна
потврда при оценување на испитите. Користете ја можноста за соларно
напојување кое заштедува енергија кога условите на осветлување го
дозволуваат тоа, а кога ќе биде потребно префрлете се на резервната
батерија. F-715SG прикажува и напредно предупредување за да посочи
дека батеријата е при крај. Доколку не се користи или допира 7
минути, функцијата за "автоматско исклучување" го
исклучува калкулаторот и дополнително ги зачувува ресурсите на
батеријата.
Практичен и стилски, F-715SG е достапен во црна или две варијанти
на бела боја, со избор од магента или сина боја на копчињата со
стрелки и тврдото куќиште. Со тежина од 124 грама, лесно можете да
го пренесувате. Тврдиот капак на лизгање ги заштитува тастатурата и
екранот од секојдневните удари и паѓања.
Дознајте повеќе за Canon F-715SG, неговите функции и можности.