XA25

Видео камерата XA25 нуди комбинација од исклучителен квалитет на слика со снимање во два формати и HD-SDI излез во куќиште со компактни димензии, така што е идеална за професионално снимање на содржини за емитување и содржини за на интернет.

Canon XA25

Придобивки

  • Објектив од 26,8mm со f/1,8-2,8, 20x зум и динамичка OIS
  • 1/2,84" HD CMOS Pro
  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5")
  • Снимање во два формати; DIGIC DV 4
  • HD-SDI излез
  • EVF со 1,56m точки, закосување до 45°
  • Забрзано/забавено движење
  • Вградена лампа со инфрацрвени зраци
  • 2x XLR влезови
  • Вграден Wi-Fi

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon XA25

Широкоаголен HD видео објектив со 20x зум од Canon


Снимајте повеќе од кога и да било, благодарение на новиот неверојатен широкоаголен објектив од 26,8mm на XA25. Зумирањето до 20x ве приближува до случувањата, а динамичката оптичка стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. Максималната решетка од f/1,8, ирисот со 8 сечила и технологијата EDM овозможуваат прекрасни ефекти на заматување.

1/2,84" HD CMOS Pro сензор


Со број на ефективни пиксели од приближно 2,91 мегапиксели, новиот HD CMOS сензор од Canon обезбедува неверојатен квалитет на слика - дури и при слаба осветленост - како и исклучителен динамичен опсег и реалистична репродукција на бои.

OLED екран на допир од 8,77cm (3,5") и EVF со можност за закосување


И покрај неговата компактна големина, XA25 овозможува висококвалитетно набљудување. OLED екранот на допир со резолуција од 1,23 милиони точки нуди подобро време на одзив, дефиниција, контраст и репродукција на бои во однос на еквивалентните LCD екрани. Електронскиот визир од 0,61cm (0,24") и резолуција од 1,56 милиони точки може да се заврти до 45° за да овозможи снимање од различни позиции.

Снимање во два формати


Процесорот DIGIC DV 4 од новата генерација ги зголемува вашите опции. Можете да снимате AVCHD видео со брзина до 28Mbps и 1080/50P формат, а достапен е и режим за снимање на MP4 со брзина од 35Mbps и 1080/50P формат кој нуди максимален квалитет. Присуството на два отвора за SDXC/SDHC мемориска картичка овозможува истовремено снимање¹ на висококвалитетни HD фајлови и MP4 фајлови со помала резолуција кои овозможуваат полесен пренос на фајлови - идеално за брзо префрлување на снимениот материјал. Опциите за снимање на забрзани и забавени видео снимки се достапни во режимот за снимање на MP4.

Професионален звук и поврзување


Двата XLR приклучоци претставуваат професионални аудио влезови, кои поддржуваат снимање на висококвалитетен Linear PCM² формат. HD-SDI приклучокот, кој е лесно достапен, овозможува поврзување со индустриски стандардна опрема за емитување како што се системите за сателитски преноси.

Снимање со инфрацрвени зраци


Благодарение на изворот на инфрацрвена светлина кој е вграден во рачката, оваа камера може лесно да се користи за време на ноќта или во услови со слаба амбиентална светлина - идеално за снимателите на животот во дивината.

Вграден Wi-Fi, компатибилност со GPS


Префрлувајте го снимениот материјал безжично со помош на телефон или таблет уред со iOS или, пак, преку FTP со брзина до 150 Mbps³. Контролирајте ги функциите на камерата преку уреди кои поддржуваат Wi-Fi - не се потребни дополнителни апликации. Можете да снимате податоци за локација со помош на изборен дополнителен GPS уред.

Компактно и лесно куќиште


Оваа дискретна камера е идеална за снимање во затемнети или затворени опкружувања, а нејзиното лесно куќиште го намалува заморот при рачно снимање во долги временски периоди.

¹Истовременото снимање не е достапно во режим на снимање со 1080/50P
²Аудио форматот Linear PCM е достапен само во режим на снимање на AVCHD формат со 28Mbps
³За пренос на фајлови преку FTP е потребна пристапна точка за безжичен интернет

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XA25, неговите функции и можности.

Full HD

Full HD

HD Video Lens

Видео објектив за HD

Wide Angle Lens

Широкоаголен објектив

20x Optical Zoom

20x оптички зум

Steady shots in every situation

Стабилни снимки во секоја прилика

Steady shooting on the move

Стабилно фотографирање во движење

Superb low-light shooting

Врвно фотографирање при слаба осветленост

DIGICDV4

Моќна обработка со DIGIC

WiFi Cert

Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

8 Blade Circular Aperture

Кружен отвор на бленда со 8 сечила

AVCHD

Снимање на AVCHD со 28Mbps

MP435MBPS

Снимање на MP4 со 35 Mbps

Perfect audio to match the scene

Совршен звук кој одговара на сцената

Professional Audio

Професионален звук

OLED

Органски LED екран на допир од 8,8cm

Dual SDXC card slots

Два отворa за SDXC картички

Instant Auto Focus

Моментален автоматски фокус

  • XA25 HD видео камера

  • Сенило на објектив со вградено капаче за објектив

  • Софтвер

  • Далечинска контрола

  • Држач за микрофон

  • Горна рачка

  • Батерија BP-820

  • Кабел за напојување со енергија

  • Адаптер за напојување со енергија/полнач за батерии

  • HDMI кабел

  • USB кабел

  • AV кабел