Професионален квалитет во фотоапарат што едвај можете да го забележите. Тенкиот и прекрасен дизајн ќе ви овозможи да преземете што поголема или помала контрола врз снимањето и ќе ви овозможи едноставно креативно изразување и резултати со врвен квалитет без напор.
Тенок, прекрасно изработен и компактен дизајн со помали димензии дури и од PowerShot G9 X, кој ви нуди извонреден квалитет на слика и кој можете да го носите во џеб.
Интелигентната оптичка стабилизација на сликата ви овозможува да добиете прекрасни, остри и стабилни фотографии и видеоснимки - дури и при рачно снимање или снимање при слаба осветленост
Полнете го вашиот фотоапарат на едноставен начин преку стандардни USB полначи за паметни телефони или преку вашиот компјутер додека работите или пребарувате на интернет
Овој фотоапарат е подготвен за користење во секое време. Снимајте спонтани моменти со извонредно брзиот и прецизен автоматски фокус од 0,13 сек. и континуираното фотографирање со брзина од 6,0 fps.
Уживајте во креативна контрола со прилагодливиот контролен прстен на објективот и минималистичкиот распоред на копчињата
уживајте во интуитивно ракување на допир преку големиот екран на допир од 3,0" (1040K точки)
Поддршката за 14-битни RAW фајлови дополнително ги зголемува вашите креативни опции при уредувањето фотографии
Голем сензор за врвни резултати
CMOS сензор со 20,2 мегапиксели
Голем капацитивен екран на допир
Брза рачна контрола
Брзо фокусирање и фотографирање
Безжично споделување и правење резервна копија од сликите
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
Стапка на Full HD слики од 24p до 60p
Едноставно фотографирање со краток видео преглед
Дознајте повеќе за палетата на компактни фотоапарати со Wi-Fi од Canon.
Кажете ни повеќе за Вас и регистрирајте се за да го добивате списанието You Connect на Canon - исполнето со инспирации, новости и совети.