Компактни дигитални

Canon PowerShot N100

Претворете ги сликите во приказни со овој иновативен фотоапарат со напредни опции за поврзување преку Wi-Fi.

Придобивки

  • Претворете ги сликите во приказни. Доловете го објектот и самите себеси со режимите камера за приказни и двојно снимање

  • Снимајте сигурно насекаде со осветлениот и извонредно широк објектив со 5x зум

  • Добијте неверојатни резултати при секаква светлина со сензорот со високи перформанси, HS системот и интелигентната IS

  • Функцијата за најдобри моменти од приказната интелигентно ги избира вашите најдобри моменти за да создаде видео албум

  • Едноставно поврзување со паметни телефони и споделување на социјални мрежи преку Wi-Fi со NFC

  • Практично гледање на голем екран на допир со голема резолуција и можност за закосување

  • Хибридниот автоматски режим со двојно снимање ги внесува вашите изрази во видео прегледот на вашиот ден

  • Снимајте 6 уникатни слики автоматски со режимот за креативни снимки и истражувајте ги можностите со креативните филтри и дефокусирањето на заднината

Детални карактеристики

  • Претворете ги сликите во приказни

    Камерата за приказни над LCD мониторот ја раскажува вашата страна од приказната преку доловување на вашите изрази и реакции, а потоа функцијата за двојно снимање ги додава во секоја фотографија или видео снимка.

  • Доживејте ги одново вашите спомени

    Функцијата за најдобри моменти од приказната автоматски ги избира фотографиите и видео снимките со одредени луѓе, настани или датуми, а потоа интелигентно ги комбинира во видео албум. Секој албум претставува видео снимка со траење од две до пет минути во која можете да уживате на самиот фотоапарат или да ја споделите преку Wi-Fi.

  • Фантастична флексибилност

    Осветлениот објектив со f/1,8 од Canon ви овозможува да фотографирате при многу слаба осветленост и голема брзина на блендата. Снимајте групни снимки со објективот со извонредно широк агол од 24mm и доловете ги сите детали со оптичкиот зум до 5x и ZoomPlus до 10x.

  • Неверојатни слики, независно од условите

    HS системот се истакнува при слаба осветленост, доловувајќи ја реалистичната атмосфера без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 6 и големиот CMOS сензор со високи перформанси нудат исклучителен квалитет на слика во секакви ситуации.

  • Кажете и збогум на заматеноста

    Интелигентната IS автоматски открива дали вашиот објект се движи и континуирано ја адаптира стабилизацијата во зависност од сцената, обезбедувајќи ви остри и детални снимки, дури и при максимален зум или при слаба осветленост.

  • Поврзете се и споделувајте со вашиот свет

    Wi-Fi ви овозможува едноставно поврзување со домашните безжични мрежи, компатибилни печатачи или паметни уреди за да печатите и споделувате на социјалните мрежи без напор. Копчето за поврзување на мобилен уред и NFC овозможуваат уште полесно впарување на паметни телефони, за брзо споделување или далечинска контрола на фотографирањето.

  • Создавајте неверојатни видео снимки

    Снимајте Full HD видео снимки со 30 fps, стерео зум и оптички зум за да се доближите до случувањата што ги снимате. Видео форматот MP4 овозможува компатибилност со голема палета на паметни уреди, обезбедувајќи ви сигурно споделување.

  • Опфатете ги сите агли

    LCD екранот на допир со голема резолуција нуди врвна видливост и закосување до 90 степени за да овозможи дополнителна флексибилност при снимањето над толпа луѓе или од висина на половината. Големиот екран на допир ви овозможува да ги контролирате подесувањата, па дури и да фотографирате со допирање на екранот.

  • Креативни режими

    Изразете ја вашата креативност со различните креативни филтри и дефокусирањето на заднината или, пак, користете го режимот за креативни снимки за автоматски да создадете 5 уникатни слики од оригиналната снимка со допирање на едно копче.

Спецификации

  • Камера за приказни свртена наназад

  • Доловете ги и двете страни на приказната

  • Интелигентно уредување на видео албум со еден допир

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • 5x оптички зум, извонреден широк агол

  • Закосете го фотоапаратот за да снимате нагоре или надолу

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • CMOS сензор со 12,1 мегапиксели

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Зумирање до 10x без губење на квалитетот

  • Широк отвор на блендата

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • 6 различни слики од една снимка

  • Креирајте заматување на позадината со SLR стил

  • 1080p видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

Што содржи кутијата

  • PowerShot N100

  • Ременче за на зглоб WS-DC12

  • Батерија NB-12L

  • Полнач за батерии CB-2LGE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење