PowerShot N2

Снимајте, создавајте и споделувајте го животот од секој агол со единствениот PowerShot N2. Уживајте во креативноста, снимањето нагоре, неверојатните слики и лесното поврзување со Wi-Fi - сето тоа во еден минималистички фотоапарат.

Придобивки

  • Разбудете ја вашата креативност со креативната снимка
  • Снимајте нагоре благодарение на уникатниот симетричен дизајн
  • Снимете го совршениот автопортрет со екранот на допир кој се закосува нагоре
  • Уживајте во извонредните резултати со HS системот и интелигентната стабилизација на слика
  • Споделувајте со леснотија и снимајте далечински со Wi-Fi и NFC

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PowerShot N2

Оригиналност без напор


Воодушевете ги семејството и пријателите со вашата креативност. Креативната снимка паметно снима пет дополнителни слики од вашиот оригинален субјект на повеќе уметнички и изненадувачки начини. Или пак, можете да снимате забавни видео снимки без напор со различните интелигентни креативни ефекти кои со гордост ќе ги споделувате со Creative Shot Movie.

Извонредни автопортрети


Направете совршен автопортрет со прекрасните дефокусирани заднини и ефектите за рамномерност на кожа со користење на режимот за автопортрети кој се активира автоматски кога ќе го завртите екранот нагоре.

Различен дизајн


Импресионирајте со уникатен дизајн. Уникатниот и симетричен дизајн на металното куќиште е навистина поинаков и има модерен минималистички стил - доволно мал за да го чувате во вашиот џеб и доволно стилски за да го носите насекаде.

Лесно снимање од секој агол


Откријте ги креативните агли за снимање. Благодарение на прстените за зумирање и снимање на фотоапаратот можете да снимате нагоре, едноставно прилагодете го зумот со превртување и снимете ја сликата со притиснување во која било насока. Прегледувањето на вашите снимки под агол е лесно благодарение на екран на допир од 7,1 cm (2,8”) од 180o, кој овозможува едноставно и интуитивно ракување со допир.

Јасни слики во секакви услови на осветлување


Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon се истакнува при слаба осветленост, така што лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на специјалните моменти без да користите блиц или статив.

Остри резултати во секој момент


Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии, дури и кога снимате детали на објекти во далечина со помош на целосниот оптички зум од 8x или при рачно фотографирање при слаба осветленост.

Неверојатни слики на едноставен начин


Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим. Уживајте во забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот со хибридниот автоматски режим.

Реалистични видео снимки на дофат на вашите прсти


Снимањето одлични видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате врвни Full HD видео снимки со брзина од 30fps и стерео звук. Снимајте во движење и уживајте во врвни и остри резултати.

Поврзете се едноставно преку Wi-Fi


Уживајте во слободата која ја нуди Wi-Fi. Лесно пренесувајте слики и видео снимки кон вашиот паметен телефон или таблет уред со помош на копчето за поврзување на мобилен уред и NFC. Или пак, вчитувајте слики на социјалните мрежи - директно од фотоапаратот. Користете ја апликацијата Canon Connect од Canon за далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон и уживајте во практично складирање на PC и паметен телефон со синхронизацијата на слики.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PowerShot N2, неговите функции и можности.

Creative Shot

6 различни слики од една снимка

8x optical zoom with wide-angle

8x оптички зум со широк агол

16.1 Megapixel CMOS

CMOS сензор со 16,1 мегапиксели

Share and backup images wirelessly

Безжично споделување и правење резервна копија на слики

Zoom Shoot Rings

Зумирајте и снимајте нагоре

7.1cm 2.8in Touch Tilt LCD 4:3

Закосете го фотоапаратот за да снимате нагоре или надолу

Self Portrait

Снимете одлични автопортрети

Steady shots in every situation

Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

Auto mode with 58-scene detection

Автоматски режим со откривање на 58 видови на сцени

1080p movies

1080p видео снимки

NFC simplifies smartphone sharing

NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

Remote Shooting WiFi

Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

Hybrid Auto

Едноставно фотографирање со краток видео преглед

Powerful DIGIC processing

Моќна обработка со DIGIC

Great low-light shots

Одлични снимки при слаба осветленост

16x ZoomPlus

Зумирајте до 16x со одличен квалитет

Compatible with Canon Connect Station

Компатибилност со Canon Connect Station

  • Дигитален фотоапарат PowerShot N2

  • Ременче за на зглоб WS-800 

  • Батерија NB-9L 

  • Компактен адаптер за напојување CA-DC30E

  • AC кабел 

  • Кабел за интерфејс IFC-400PCU

  • Комплет со упатство за користење