HS системот и осветлениот објектив со f/2 нудат врвни резултати при секакво осветлување. PowerShot S200 вметнува уметничка контрола во џебовите на фотографите кои сакаат да фотографираат креативно и да ги споделуваат нивните слики кога се во движење.
Погледнете подетални информации за Canon PowerShot S200
За да ви обезбеди слики со одличен квалитет при секакво осветлување, PowerShot S200 го користи HS системот од Canon: уникатна комбинација на сензор со голема чувствителност и моќен DIGIC 5 процесор. Осветлениот објектив со f/2 и максималната чувствителност од ISO 6400 ќе ви помогне да фотографирате дури и кога нивото на светлината ќе се намали, за да можете да го доловите амбиентот во опкружувањето без да користите блиц или статив.
Објективот од 24 мм со 5x зум нуди огромна креативна флексибилност. Доловете го огромното небо со сите детали во преден план кога снимате пејзажи или, пак, зумирајте за да доловите индивидуални објекти и да се доближите до случувањата. ZoomPlus ве носи уште поблиску, зголемувајќи ја моќта на зумот без да ја намали острината и јасноста.
Преземете ја контролата врз вашите слики со палетата на рачни и полуавтоматски функции. Подесете го контролниот прстен на објективот на PowerShot S200 за едноставно прилагодување на параметрите на сликите како решетката, брзината на блендата и фокусирањето.
Спречете го тресењето на фотоапаратот и снимајте остри и детални фотографии и видео снимки. Оптичкиот стабилизатор на слика со интелигентна IS од Canon врши компензација за несаканите движења на фотоапаратот и автоматски избира еден од седумте режими во зависност од условите за фотографирање.
Поврзете се и споделувајте ги вашите слики со вашиот паметен телефон или таблет уред преку Wi-Fi или испратете ги директно на популарните веб-сајтови на социјални мрежи како што е Facebook и Twitter преку image.canon. Безжично поврзување и печатење на вашите фотографии со компатибилни PIXMA или SELPHY фото-печатачи. Синхронизацијата на слики овозможува практично правење на резервни копии на компјутер и интернет на Cloud веб-сајтови за складирање како што е Flickr™*
Големиот, издржлив и висококвалитетен LCD екран со одлична видливост нуди навигација низ менито без напор, ви овозможува лесно обликување и прегледување на снимките и ви овозможува да уживате при нивното споделување со пријателите.
Едноставно поставете го PowerShot S200 во интелигентен автоматски режим и дозволете му на фотоапаратот да ги избере соодветните подесувања наместо вас на интелигентен начин, со можност за прилагодување кон 36 сцени (21 при снимање на видео снимки) за добивање на оптимални резултати.
Снимајте висококвалитетни HD видео снимки со резолуција од 720p, оптички зум и стерео звук. Наменското копче за видео овозможува брз и интуитивен пристап до функцијата за снимање видео. Поврзувањето преку HDMI-CEC овозможува гледање и контролирање на снимените видео материјали на телевизорот во вашиот дом.
Внесувајте лични прилагодувања во сликите со креативните филтри на PowerShot S200. Изберете некој фотографски ефект, почнувајќи од ефект на рибино око, минијатурен ефект и ефект на фотоапарат-играчка па сè до потрадиционалните филтри за црно-бело и акцент на боја.
*Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompacts
За функциите за директно споделување на интернет, синхронизација на слики и за испраќање преку сервер е потребна image.canon сметка. Во некои земји и региони може да нема поддршка за image.canon. Ве молиме посетете ја страницата www.canon-europe.com/cig за повеќе информации.
Facebook и логото F се регистрирани заштитни знаци на Facebook Inc.
Twitter е регистриран заштитен знак на Twitter Inc.
Ознаката FLICKR е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.
Дознајте повеќе за Canon PowerShot S200, неговите функции и можности.
Широк отвор на блендата
5x оптички зум, извонреден широк агол
Зумирајте до 9x со одличен квалитет
Одлични снимки при слаба осветленост
Моќна обработка со DIGIC
CCD со 10,1 мегапиксели и голема чувствителност
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
Брза рачна контрола
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
Автоматски режим со откривање на 36 видови на сцени
Поголема сила и видливост
Контрола на решетка и брзина на бленда
Голема максимална ISO чувствителност
Лесно прилагодување на сликата
Разни ефекти за поголема креативност
720p видео снимки со стерео звук