Canon PowerShot SX400 IS

Мини фотоапарат кој нуди огромна семејна забава

Придобивки

  • Мини фотоапарат со разновидни опции и 30x зум за секоја прилика

  • Врвни детали и материјали за печатење со големина на постер со 16 MP

  • Остри фотографии и стабилни видео снимки со интелигентна стабилизација на сликата

  • Дизајн кој овозможува постабилни снимки и удобно фотографирање

  • Секој може да сними одлични снимки на едноставен начин со интелигентниот автоматски режим

Детални карактеристики

  • Голем зум, мал фотоапарат

    Пронајдете ги и доловете ги сите детали кај далечните објекти. Големиот оптички зум од 30x е уредно сместен во куќиште со мал дизајн, кое е доволно мало за да можете практично да го носите, без разлика каде одите. Снимајте одлични групни фотографии и неверојатни пејзажи со извонредно широкиот агол од 24mm.

  • Удобно и стабилно фотографирање

    Дизајниран за удобно ракување. Уживајте во постабилни слики при максимален зум и фотографирање во подолги временски периоди без напор, благодарение на подобрениот ергономски држач.

  • Исклучителни детали за вашите најдобри спомени

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Создавајте неверојатни материјали со големина на постер без губење на деталите, благодарение на 16,0-те мегапиксели.

  • Остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост.

  • HD видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видео снимки е многу лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате одлични HD видео снимки (720p) без напор. Снимајте во движење или додека го користите зумот и уживајте во врвни и остри резултати.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Дури и почетниците можат да снимаат прекрасни фотографии и видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Сè што треба да направите е да насочите и да снимате.

  • Разбудете ја вашата креативност

    Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Можете да создавате изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, да правите минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките и многу повеќе.

  • Еко режим

    Одличен за патувања во текот на денот. Еко режимот ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата, за да можете да доловите повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење.

Спецификации

  • 30x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирање до 60x со одличен квалитет

  • 16,0 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 720p видео снимки

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Разни ефекти за поголема креативност

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

PowerShot_SX400_IS

Што содржи кутијата

  • PowerShot SX400 IS

  • Ременче за на зглоб WS-DC12

  • Капаче за објектив

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење