Компактни дигитални

Canon PowerShot SX510 HS

Пренослив апарат со бројни функции и зум од 30x

Придобивки

  • 30x оптички зум, широкоаголен објектив од 24mm во мини куќиште. 60x ZoomPlus

  • HS систем со CMOS со 12,1 мегапиксели и DIGIC 4 за одлични резултати при слаба осветленост

  • Оптички стабилизатор на слика со интелигентна стабилизација на сликата за остри фотографии и стабилни видео снимки

  • Wi-Fi за едноставно споделување* и GPS означување преку мобилни уреди

  • Full HD видео снимки (1080p) со стерео звук, копче за видео, оптички зум и HDMI

Детални карактеристики

  • Извонреден зум од 30x. Широкоаголен објектив од 24mm

    Приближете се уште повеќе и доловете ги сите детали на далечните објекти со помош на огромниот оптички зум од 30x или, пак, до 60x со помош на ZoomPlus. Опфатете повеќе во кадарот со извонредно широкиот агол од 24mm за да добиете одлични групни снимки и неверојатни пејзажи. Огромниот зум е уредно сместен во мало куќиште со преоден стил, кое е доволно мало за да може практично да го носите, без разлика каде одите.

  • HS систем

    HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC 4 процесорот со високи перформанси и сензорот за слика од 12,1 мегапиксели со висока чувствителност нудат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.

  • Интелигентна стабилизација на слика

    Оптички стабилизатор на слика со интелигентна стабилизација на сликата автоматски го намалува тресењето на фотоапаратот за да спречи заматување и да обезбеди остри и детални фотографии и видео снимки при максимален зум или при рачно фотографирање при слаба осветленост.

  • Wi-Fi; GPS преку мобилни уреди

    Wi-Fi ви овозможува едноставно поврзување со домашните безжични мрежи, компатибилни печатачи и компјутери, како и со преносливи уреди како паметни телефони и таблет уреди, за брзо споделување и правење резервна копија на сликите на интернет. Користете го GPS уредот во вашиот паметен телефон за означување на сликите со локациите на снимање преку Wi-Fi.

  • Full HD видео снимки

    Лесно снимање на Full HD видео снимки (1080p) со стерео звук и оптички зум, со еден допир на копчето за снимање на видео. Напредната динамичка стабилизација на слика одлично ги компензира движењата при снимањето видео, за добивање на рамномерни резултати при снимање кога сте во движење.

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

    Големиот и висококвалитетен LCD екран со широк агол на глeдање овозможува едноставно обликување на кадарот, навигација низ менито без напор и јасно прегледување и репродукција. Едноставните совети ќе ви помогнат да го разберете вашиот фотоапарат и да ги подобрите вашите резултати.

  • Интелигентен автоматски режим

    Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира оптималните подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки). Сè што треба да направите е да насочите и да снимате.

  • Помош за обликување на кадарот

    Помошта за обликување на кадарот помага при следење на далечните објекти при големо зумирање кај фотографиите и видео снимките. Со притиснување на едно копче, фотоапаратот врши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате објектот - зумирајќи назад во моментот кога ќе го отпуштите копчето. Автоматскиот режим може да следи подвижно лице и го врши комплетното зумирање наместо вас, така што сè што треба да направите е да се погрижите за обликувањето на кадарот.

  • Креативни филтри и рачни режими

    Бидете креативни и издигнете го вашето фотографирање на повисоко ниво со целосната рачна контрола на брзината на блендата и решетката. Доловете неверојатни детали кога снимате одблиску со помош на режимот макро од 0 cm.*Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompacts

Спецификации

  • 30x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирање до 60x со одличен квалитет

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 12,1 мегапиксели

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • 1080p видео снимки

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • Безжично споделување на слики

  • Означувајте ги снимките со Smartphone уреди со GPS

  • Автоматски видео преглед на вашиот ден

  • Разни ефекти за поголема креативност

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Печатење од фотоапарати преку USB или Wi-Fi

PowerShot_SX510_HS_BLK_KIT

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX510 HS

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Капаче за објектив

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење