Извонредно пренослив фотоапарат со разновидни опции и зум до 42x кој може да ги сними сите случувања со неверојатни детали. Уживајте во неверојатна практичност или, пак, подобрете ги вашите фотографски вештини и изразете се со креативната контрола.
Погледнете подетални информации за Canon PowerShot SX520 HS
Доловете сè, почнувајќи од извонредно детални снимки одблиску до одлични групни снимки и неверојатни пејзажи, со помош на овој компактен фотоапарат. Тој нуди огромен оптички зум до 42x сместен во мало и лесно куќиште кое можете да го носите насекаде.
Следењето на далечни објекти со голем зум е навистина едноставно. Само притиснете го копчето и функцијата за помош за обликување на кадарот ќе изврши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате вашиот објект - зумирајќи назад кога копчето ќе биде отпуштено. Подобрениот автоматски режим врши автоматско оддалечување кога објектот ќе излезе од кадарот и Ви помага да го одржувате вашиот објект во однапред поставена големина.
Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач.
Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon се истакнува при слаба осветленост, така што лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на специјалните моменти без да користите блиц или статив. Со 16,0 мегапиксели ќе уживате во исклучителен квалитет, детални слики и слики со големина на постер.
Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост.
Снимањето на одлични фотографии или видео снимки е навистина лесно со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Хибридниот автоматски режим создава забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот.
Животот брзо минува. Не пропуштајте ниту еден специјален момент и доловувајте неверојатно брзи случувања со помош на овој фотоапарат со брз одзив, кој нуди континуирано фотографирање со голема брзина.
Изненадете ги семејството и пријателите со вашата креативност. Режимот за креативни снимки интелигентно доловува шест слики од истиот објект со различни уметнички ефекти. Или, пак, испробајте некој од многуте други креативни режими, почнувајќи од ефект на рибино око па сè до минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките.
Искористете ги креативните можности на целосната рачна контрола. Експериментирајте со светлината која навлегува во фотоапаратот за да ги подобрите вашите фотографски вештини и користете ја вашата креативност на повисоко ниво.
Снимањето одлични видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате врвни Full HD видео снимки со брзина од 30fps и стерео звук. Снимајте во движење и уживајте во врвни и остри резултати.
Дознајте повеќе за Canon PowerShot SX520 HS, неговите функции и можности.
42x извонреден зум со извонреден широк агол
Зумирајте до 84x со одличен квалитет
Одлични снимки при слаба осветленост
CMOS сензор со 16,0 мегапиксели
Моќна обработка со DIGIC
Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум
6 различни слики од една снимка
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
1080p видео снимки
7,5 cm (3,0") LCD екран
Дополнителна контрола
Едноставно фотографирање со краток видео преглед
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
Групно снимање со 10 слики во секунда
Контрола на решетка и брзина на бленда
Веднаш почнете да снимате видео снимки
Заштеда на енергија за повеќе снимки