Одликувајќи се со неверојатен зум до 25x сместен во мал и џебен дизајн, овој едноставен фотоапарат со Wi-Fi и NFC ви ги нуди сите функции кои ви се потребни за снимање и споделување извонредни фотографии и видеоснимки што можете да ги споделувате без напор преку вашиот паметен уред.
Погледнете подетални информации за Canon PowerShot SX620 HS
Доближете се до неверојатните детали во далечина каде и да одите со помош на овој мал и џебен фотоапарат кој се одликува со огромен оптички зум до 25x, сместен во куќиште со дебелина од само 27,9 mm. Снимајте прекрасни, остри и јасни снимки при секакви услови на осветлување, благодарение на HS системот и снимајте извонредни пејзажи со извонредно широк агол од 25 mm.
Wi-Fi* со динамички NFC ви овозможува да го поврзете вашиот фотоапарат со компатибилни паметни уреди, со само еден допир. Користете ја апликацијата Camera Connect за да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми и снимајте одлични автопортрети со функцијата за безжично далечинско фотографирање. Користете ја услугата за синхронизација на слики за автоматски да направите резервна копија од новите слики во услугите Cloud.
Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање едно копче, можете да снимате одлични Full HD видеоснимки (1080p) во MP4 формат без напор. Уживајте во креативни опции за снимање видеоснимки со оптичкиот зум и дозволете му на фотоапаратот да го избере најдобриот кадар автоматски, благодарение на автоматскиот зум. Уживајте во остри и стабилни резултати во секоја прилика, со помош на динамичката стабилизација на сликата.
Само насочете и снимајте прекрасни фотографии или видеоснимки со хибридниот автоматски режим, кој ги одредува поставките на фотоапаратот наместо вас, а потоа користете ја функцијата за најдобри моменти од приказните за да создадете кратка видеоснимка за изминатиот ден или настан. Интелигентната оптичка стабилизација на сликата ви овозможува да добиете остри фотографии и стабилни видеоснимки во секоја прилика, а големиот LCD екран од 7,5 cm (3,0”) овозможува лесно снимање и репродукција.
Допрете го копчето за активирање на блендата и функцијата за креативни снимки автоматски ќе создаде 5 дополнителни уникатни слики од оригиналната снимка, а функцијата за креативни снимки во режимот за видео автоматски ќе создаде уникатни резултати преку избирање различни стапки на слики. Користете креативни филтри за да ги збогатите фотографиите или сцените во видеоснимките со уникатен изглед и чувство, како што се ефектот на рибино око, минијатурниот ефект, екстра живописност и многу повеќе.
* Поврзувањето преку Wi-Fi и функциите се различни во зависност од моделот и регионот.
Дознајте повеќе за Canon PowerShot SX620 HS, неговите функции и можности.
25x оптички зум со извонреден широк агол
Зумирајте до 50x со одличен квалитет
CMOS сензор со 20,2 мегапиксели
1080p видео снимки
Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите
Едноставно фотографирање со краток видео преглед
Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
Интелигентно уредување на видео албум со еден допир
6 различни слики од една снимка
Одлични снимки при слаба осветленост
Моќна обработка со DIGIC
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон
7,5 cm (3,0") LCD екран
Веднаш почнете да снимате видео снимки
Заштеда на енергија за повеќе снимки
Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир
Складирајте, гледајте и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки на едно место
Регистрирајте го вашиот производ и добивајте ажурирања и поддршка за сите ваши производи од Canon.