DSLR-фотоапарати
18 мегапиксели за одлични фотографии и видеозаписи. Оптички визир. Интуитивни контроли на екран на допир.
Мал DSLR фотоапарат со брз одзив кој можете насекаде да го носите. EOS 100D со 18 мегапиксели нуди врвни фотографии и видео снимки, а се одликува со оптички визир и екран на допир со интуитивни контроли.
Погледнете ги сите спецификацииВисококвалитетно фотографирање со мал шум преку DSLR фотоапарат кој е неверојатно компактен и можете да го носите насекаде
Снимајте фотографии со 18 мегапиксели и Full-HD видео снимки преку истиот фотоапарат
Брзо користење, со оптички визир и контроли со брз одзив
Голем екран на допир кој е едноставен за користење
Фотографирајте брзо и едноставно со автоматското интелигентно откривање на сцени
EOS 100D е DSLR фотоапарат со брз одзив и многу функции кој е доволно мал и лесен за да го носите насекаде. Идеален фотоапарат за документирање на вашиот живот. Снимајте фотографии од 18 мегапиксели и Full HD видео снимки насекаде и уживајте во одлични перформанси дури и при недоволна осветленост: максималната ISO чувствителност од 12800 (може да се прошири до ISO 25600) ви овозможува да снимате слики со мал шум кои го доловуваат вистинскиот амбиент.
Обликувајте го кадарот на вашите фотографии со помош на осветлениот оптички визир со брз одзив или користете го Clear View II TFT екранот на допир од 7,7cm (3,0”) со 1.040.000 точки и сооднос на слика од 3:2 за да го контролирате фотоапаратот. Движете се низ менијата, прегледувајте ги сликите, фокусирајте и фотографирајте со допир, преминување со прстите преку екранот и штипнување.
Технологијата за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon ја анализира сцената и автоматски ги поставува најсоодветните подесувања за фотоапаратот. Штом постигнете одреден напредок во вашето фотографирање, вградениот водич за функции ќе ви објасни како да извлечете максимум од фотоапаратот.
Снимајте висококвалитетни видео записи со резолуција до Full-HD (1080p). Преземете ја контролата врз експозицијата, фокусирањето, звукот и слично или, пак, користете го режимот на кратки видео записи за снимање на обработени видео сцени во самиот фотоапарат. Хибридниот CMOS AF II овозможува континуирано фокусирање за време на снимањето, што е идеално за задржување на остар фокус врз подвижните објекти.
Следете и снимајте објекти кои се движат динамично со брзина од 4 fps и искористете ги деветте AF точки за да фокусирате брзо и прецизно, дури и објекти кои не се во средина на кадарот.
Изразете ја вашата креативна страна со еден од креативните филтри на EOS 100D. Функцијата за снимање со дополнителни ефекти ќе ви овозможи истовремено да снимате снимки со филтер и без филтер. Изберете помеѓу црно-бела зрнеста текстура, фотоапарат-играчка, минијатурен ефект и слично и прегледајте ги ефектите на секој филтер пред да започнете да снимате.
Режимите за тематски сцени автоматски ги избираат правилните подесувања на фотоапаратот за објектот кој сакате да го фотографирате. Изберете помеѓу портрет, пејзаж, спорт, деца, храна и друго. А кога ќе бидете подготвени, преминете на креативниот автоматски режим за да добиете поголема контрола врз фактори како заматување на заднина, преку интуитивен интерфејс.
Искористете ги предностите на огромната палета на објективи, дополнителна опрема и блицеви кои го сочинуваат EOS системот.