Доловете ги чувствата на моментот, со DSLR фотоапарат кој е едноставен за користење и нуди резултати што ќе ве воодушеват.
Погледнете подетални информации за Canon EOS 1200D
Сликајте и снимајте видео снимки со квалитет и сопствен карактер. Сликите со 18 милиони точки од EOS 1200D се полни со детали и се доволно големи за печатење во големини до A2+. Видео снимките ќе изгледаат професионално кога ќе ги репродуцирате на вашиот домашен HD телевизор.
Кога нивото на светлината ќе се намали, EOS 1200D ја зголемува својата чувствителност на светлина со цел вашите слики да ја задржат острината и да се намали потребата за користење на блиц. Фотографирањето со амбиентална светлина претставува одличен начин за доловување на атмосферата на одредени настани и дискретен начин за доловување на драгоцени спомени и природни изрази на лицата.
При снимањето фотографии со EOS 1200D, фотоапаратот ја анализира и сцената, пребарувајќи светлина, бои и присуството на движење и лица. Овие податоци се користат за подесување на најсоодветните подесувања на фотоапаратот за сцената, без разлика дали се работи за детален пејзаж или динамично движење. Вградениот водич за функции и апликацијата за поддршка ќе ви помогнат да научите повеќе за вашиот фотоапарат, кога ќе посакате.
Користете ја апликацијата EOS Companion за да се запознаете со функциите и контролите на вашиот EOS 1200D и дознајте како различните објективи можат да ви понудат нови креативни опции и како да снимате различни објекти. Интерактивните упатства и задачи ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат да ги развиете вашите вештини.
Оптичкиот визир ви овозможува да ја обликувате и предвидите вашата снимка, така што секогаш ќе бидете подготвени да ги доловите чувствата на моментот. Благодарение на практичните контроли кои се инстинктивни за користење, како и големиот LCD екран од 7,5 см (3”) за прегледување на слики, ќе ви претставува задоволство да го користите EOS 1200D.
Нагласете го главниот објект во фотографијата така што ќе го изолирате наспроти мека и заматена заднина - изглед кој е карактеристичен за DSLR фотографирањето. Користете некој од петте креативни филтри за да извршите лично прилагодување на вашите фотографии, меѓу кои и црно-бела зрнеста текстура, фотоапарат-играчка и ефект на рибино око.
Задржете ја острината на објектите така што ќе ги поставите под некоја од деветте точки за фокусирање на EOS 1200D. Тие се распределени на визирот, а ви овозможуваат да го поставите објектот во средина на сликата или во некој агол, за да добиете поинтересна композиција.
Променете ја вашата гледна точка и снимајте различни објекти додека напредувате во фотографирањето, со обемната палета на EF и EF-S објективи од Canon. Доближете се со телефото објектив или опфатете уште повеќе од сцената со објектив за зумирање со извонредно широк агол.
Дознајте повеќе за Canon EOS 1200D, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 18 мегапиксели
Одлични снимки при слаба осветленост
Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања
Верувајте му на вашиот фотоапарат и дознајте повеќе за фотографирањето со оваа бесплатна апликација
Изборни AF точки за креативно обликување
Континуирано фотографирање со брзина до 3 слики во секунда
Моќна обработка со DIGIC
Голем осветлен екран за јасно прегледување
Неверојатни видео снимки од 1080p
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин
Употребете креативни ефекти на вашите слики
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
Експериментирајте со EOS системот
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.