Преминете на DSLR фотографирање и зголемете ја вашата креативност. Снимајте врвни фотографии и видео снимки со сензорот од 18 мегапиксели и уживајте додека снимате со Vari-angle Clear View LCD II екранот на допир кој е едноставен за користење.
Погледнете подетални информации за Canon EOS 700D
Доловете ги сите детали со хибридниот CMOS AF сензор со 18 мегапиксели. EOS 700D создава слики со мал шум кои можете да ги печатите во големи димензии или да ги отсекувате со цел да добиете поинакви композиции.
Снимајте видео записи со резолуција од 1080p и уживајте во соодветното ниво на автоматска или рачна контрола кое ви одговара. Технологијата за хибриден AF овозможува континуирано фокусирање при снимање видео снимки, а EOS 700D нуди речиси бесчуен Servo AF режим за видео при користење на STM објективи. Снимајте стерео звук со вграден или надворешен микрофон.
Следете ги подвижните објекти дури и ако се движат низ целата сцена со помош на систем за автоматско фокусирање кој е составен од 9 вкрстени AF точки. Континуираното фотографирање со брзина од 5 fps за групно снимање до 22 снимки значи дека никогаш нема да го пропуштите одлучувачкиот момент.
Обликувајте го кадарот на фотографиите и видео снимките од нови и интересни агли со помош на Vari-angle Clear View LCD II екран на допир од 7,7cm (3,0”) со сооднос на слика од 3:2 на EOS 700D. Снимајте над група луѓе или одлучете се за извонредна гледна точка од ниско ниво.
EOS 700D може едноставно да се користи од моментот кога за прв пат ќе го земете во раце. Фотографирајте и фокусирајте со еден допир врз екранот на допир на фотоапаратот и користете гестикулации како штипнување и преминување со прстите преку екранот за да се движите низ сликите додека ги прегледувате.
Снимајте одлични слики на едноставен начин. Режимот за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon ја анализира сцената и автоматски ги избира најсоодветните подесувања за фотоапаратот.
Разгледајте ја и изберете од палетата на ефекти од креативни филтри, во кои спаѓаат и црно-бела зрнеста текстура, фотоапарат-играчка и минијатурен ефект. Режимите за тематски сцени автоматски ги избираат правилните подесувања за објектот кој се фотографира, додека креативниот автоматски режим нуди поголема контрола врз фактори како заматување на заднина, преку интуитивен интерфејс.
Кога ќе бидете подготвени да напредувате во фотографирањето, изберете приоритет на решетка, приоритет на бленда или рачен режим за целосно да ја преземете контролата врз вашите слики.
Снимајте одлични слики дури и при слаба осветленост, без да користите блиц со цел да го доловите вистинскиот амбиент на сцената. EOS 700D се одликува со опсег на чувствителност со ISO вредности од 100-12800 (може да се прошири до ISO 25600).
Режимот за контролирање на HDR задното осветлување овозможува снимање на три слики со различни експозиции кои се комбинираат во една слика, задржувајќи ги деталите во сенките и осветлените површини. Режимот за рачно снимање на ноќни сцени кај EOS 700D овозможува снимање на повеќе слики со голема брзина на блендата кои меѓусебно се спојуваат за добивање на резултати без заматување.
Подобрете го вашето фотографирање уште повеќе со огромната палета на објективи, дополнителна опрема и блицеви кои го сочинуваат EOS системот.
Дознајте повеќе за Canon EOS 700D, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 18 мегапиксели
Одлични снимки при слаба осветленост
Фотографирање со голема брзина
Континуиран AF при снимање видео снимки
Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување
Моќна обработка со DIGIC
Пренослив екран за креативно обликување
Неверојатни видео снимки од 1080p
Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
Употребете креативни ефекти на вашите слики
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин
Изборни AF точки за креативно обликување
Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.