Напредувајте во фотографирањето со сензорот од 24,2 MP, AF системот со 19 прилагодливи точки и разновидни контроли.
Системот за автоматско фокусирање со 19 прилагодливи точки кај EOS 760D го заклучува вашиот објект при фотографирање спортски моменти, портрети или пејзажи. Секоја точка за фокусирање е од вкрстен вид, што значи дека заклучувањето на фокусот е брзо и прецизно, поради што се добиваат врвни резултати кога фотографирате спортски настани, портрети или пејзажи.
Сензорот од 24,2 MP доловува неверојатни детали, така што ќе можете да ги отсекувате и зголемувате сликите за печатење, а брзиот процесор DIGIC 6 ќе се погрижи да не пропуштите ниту еден одлучувачки момент
Снимајте неверојатни Full HD видеоснимки со длабочина на поле како во кино со помош на технологијата за автоматско фокусирање со хибриден CMOS AF III на EOS 760D. Таа овозможува рамномерно фокусирање и следење на објекти, така што вашиот објект ќе изгледа остар и фокусиран, а заднината ќе биде прекрасно заматена. Поддршката за MP4 овозможува лесно вчитување и префрлување на вашите видеоснимки.
Вртливото копче на задната страна овозможува брзо прилагодување на поставките за фотографирање за да можете да ги доловите спонтаните случувања
Wi-Fi овозможува едноставно безжично печатење во вашиот дом, директно преку фотоапаратот
Само допрете го EOS 760D до Canon Connect Station и автоматски префрлувајте слики во една дестинација
Приказот со повеќе соодноси на слика ќе ви овозможи да ги визуелизирате резултатите пред да започнете да фотографирате
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
Дознајте повеќе за EOS 760D, неговите функции и можности.
Создавајте фотографии со одличен квалитет кои се исполнети со мали детали.
Фокусирајте објекти без разлика каде се наоѓаат во кадарот.
Моќна обработка со DIGIC.
Едноставно поврзување и споделување.
Уживајте во рамномерно континуирано фокусирање при снимање видео снимки и фотографии во режимот за прегледување во живо.
Снимајте видеоснимки со резолуција до 1080p и стапка на слики до 30 fps, со влез за микрофон.
Снимете ги сите движења.
Фотографирајте од високи и ниски агли.