DSLR-фотоапарати

Canon EOS C100

Достапна камера за видео продукција. Уживајте во професионалните HD слики, компактниот дизајн и разновидност на објективите.

Придобивки

  • CMOS сензор со 8,3MP и извонредни 35mm; Full HD

  • Висока чувствителност, мал шум

  • AVCHD со 24Mbps на SD картички

  • Функции за автоматско снимање

  • Dual pixel CMOS AF за прецизно и сигурно фокусирање*

  • Заменливи EF објективи

  • Canon Log гама

  • Компактни, модуларни, лесни

  • Професионален звук

  • Беспрекорна интеграција во работните процеси

  • Поддршка за видео CPS

Детални карактеристики

  • CMOS сензор со 8,3MP и извонредни 35mm; Full HD

    CMOS сензорот со 8,3MP и извонредни 35mm, специјално дизајниран и произведен за снимање на видео записи во Canon, обезбедува 3-кан. RGB обработка при Full HD снимање. Тој нуди врвни слики со висока резолуција и чувствителност, мал шум, помалку артефакти при вртење на блендата и мала длабочина на поле.

  • Висока чувствителност, мал шум

    Можете да снимате слики со зголемена чувствителност и мал шум со ISO вредност до 80000, која овозможува користење во речиси секакви услови за снимање.

  • MPEG-4 AVCHD со 24Mbps на SD картички

    Снимајте MPEG-4 AVCHD/H.264 фајлови со брзина од 24Mbps (4:2:0) на две SD/SDHC/SDXC мемориски картички – со опции за пренасочено и симултано снимање. Излезните приклучоци се состојат од HDMI со функција за заклучување, AV и USB.

  • Canon Log гама

    Вградената функција Canon Log гама нуди неутрален квалитет на слика со 12 чекори за фотографска ширина (динамичен опсег од 800%) со основна вредност на ISO од 850. Опцијата за широк динамичен опсег овозможува снимање на видео материјал со иста фотографска ширина без потреба од градирање.

  • Заменливи EF објективи

    Зголемете ги вашите креативни опции со огромната палета на заменливи објективи. EF приклучокот е компатибилен со 4K EF Cinema објективи од Canon, како и со повеќе од 60 EF објективи, меѓу кои и објективите за макро и ефект на рибино око. 3 вградени рачни ND филтри кои ја зголемуваат разновидноста при снимањето.

  • Компактни, модуларни, лесни

    Неверојатно компактна и лесна, EOS C100 е идеална за користење во тесни простори. Основниот систем за снимање тежи само 1020g (без објектив), а отстранливиот држач, рачката и контролниот панел под различен агол овозможуваат максимално маневрирање. Робустното куќиште кое е отпорно на прскање содржи компоненти од магнезиумска легура кои нудат дополнителна издржливост и цврстина.

  • Автоматско снимање

    Со цел да се олесни ракувањето од страна на едно лице, автоматските функции нудат автоматски фокус со една снимка, автоматски ирис со притиснување и автоматски баланс на белата боја. Достапна е и целосна рачна контрола со моќна функција за помош при фокусирање која помага при рачното фокусирање и обезбедува остри и детални слики.

  • Професионален звук

    Во опциите за снимање на професионален звук спаѓа LPCM или Dolby AC3. На горната рачка има два XLR влезови и стерео микрофон.

  • Беспрекорна интеграција во работните процеси

    Широката поддршка за NLE овозможува едноставна интеграција во постоечките работни процеси по снимањето.

  • Поддршка за CPS

    EOS C100 добива бесплатна поддршка од професионалните услуги од Canon (CPS) со ексклузивен пристап до разни придобивки: CPS поддршка за важни настани, приоритетни услуги за поправки (во зависност од достапноста) и локална CPS поддршка во одредени европски земји.

  • Dual Pixel CMOS AF преку ажурирање на услугата

    Вашиот EOS C100 може да се ажурира за да го вклучи уникатниот Dual Pixel CMOS AF на Canon, кој нуди неверојатно лесно користење и креативна контрола врз фокусирањето. Континуираното следење на објектите во центарот на сликата е едноставно, со што тие се одржуваат во остар фокус. Функцијата за заклучувањето на AF нуди дополнителна контрола. Фокусирањето со една снимка со зголемена прецизност и брзина го прави фокусирањето на објектите кои не се во центарот подеднакво лесно.*Потребно е ажурирање на услугата со плаќање во сервисен центар на Canon.