XEED 4K600STZ

Canon XEED 4K600STZ

Оживејте ја сликата и отворете ги креативните инсталации со иновативниот и компактен 4k LCOS ласерски проектор од Canon.

Галерија

Најдоброто од 4K ласерското проектирање

Лесен за инсталирање, ракување и одржување, овој компактен 4K ласерски проектор со 6.000 лумени поседува прогресивна технологија и го збогатува докажаното наследство на Canon кога станува збор за објективи, за да ви понуди исклучителни слики и врвен квалитет на боите 24/7.

Погледни целосни спецификации

XEED 4K600STZ
Canon XEED 4K600STZ

XEED 4K600STZ од Canon

Најмалиот и најлесен ласерски фосфорски проектор со природна 4K резолуција од Canon

Погледни видеозапис

Неверојатни 4K HDR слики

Создајте неверојатен визуелен приказ со фотографска прецизност, оптимален контраст, висока и постојана осветленост и живописни реалистични бои без изобличување.

Brilliant 4K HDR imaging
Canon XEED 4K600STZ

Компактна оптичка технологија

XEED 4K600STZ ја носи минијатурноста на повисоко ниво, благодарение на оптичкиот систем AISYS на Canon и LCOS панелите со реалистична 4K резолуција, кои се најмали на светот со големина од 0,76".

Едноставно и флексибилно поставување

Идеален за широк опсег на креативни поставувања и симулации, овој тивок и компактен проектор тежи 26 Kg. Со големо поместување на објективот од +/-60% и можност за поставување од 360o, проекторот лесно се инсталира, прилагодува и позиционира.

Easy flexible installation

Долг работен век, мало одржување

Користете го проекторот 24/7, со минимално прекинување поради рутинска проверка, благодарение на изворот на ласерска светлина од следната генерација во цврста состојба со можност за работа до 40.000 часа

Long life, low maintenance
Canon XEED 4K600STZ

Совршено проектирање

Проектирајте слики со прекрасни детали во целосна големина на речиси секаква површина, вклучувајќи и заоблени инсталации, или пак користете повеќе споени слики без притоа да го губите фокусот.

Повеќе приклучоци

Лесно поврзување со повеќе 4K извори преку 4x DVI-D и 2x HDMI влезови (4K @ 60 Hz) и опции за мрежно работење/контрола преку етернет и Wi-Fi** што овозможуваат едноставно далечинско ракување.
**Достапна е и верзија без Wi-Fi – XEED 4K601STZ

Multiple connections

Спецификации

4K Resolution

4K резолуција

Резолуција од 4096 x 2400 која е поголема од 4K

Crestron Connected

Поддршка за Crestron

Crestron Room View за контрола

AISYS

AISYS

Моќна светлина и голем стандарден сооднос на контрастот

5 Year Warranty

Гаранција од 5 години*

Важат правила и услови

HDMI

HDMI

HDMI приклучок

Wi-Fi Certified

Сертификат за Wi-Fi

Лесно далечинско и безжично управување

PJLink

PJLink

Протокол за контрола со индустриски стандард

Погледнете ги сите спецификации

XEED 4K600STZ

Слични линкови

Canon ги има сите производи, услуги и поддршка кои ви се потребни за моќни и креативни 4K проекции.

Дополнителна опрема

Поврзани производи