SELPHY CP1000

Добијте испечатени материјали со фото-лабораториски квалитет за неколку секунди, во секое време и на секое место. Мал, елегантен и пренослив фотопечатач кој нуди избор од четири завршни обработки за печатење и двојно печатење на фотографии за документи и кој може секој да го користи.

SELPHY CP1000 Extra

Придобивки

  • Компактен и пренослив фотопечатач кој е идеален за во домот или додека патувате
  • Брзо и едноставно печатење од фотоапарати, USB уреди или мемориски картички
  • Создавајте долготрајни спомени со издржливите испечатени материјали со фотолабораториски квалитет
  • Избор на завршни обработки со стандардни фото хартии
  • Создавајте фотографии за документи според широко прифатени стандарди

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon SELPHY CP1000

Извонредно компактен и пренослив фото печатач


Извонредно компактен и практичен за носење, фотопечатачот SELPHY CP1000 нуди брзо и сигурно печатење фотографии со професионален квалитет, секаде каде што имате потреба за тоа.

Едноставен за користење


Секој може да печати со практичниот дизајн кој е надополнет со LCD екран од 6,8 cm (2,7”) за лесно прегледување и интуитивни менија со инструкции на екранот за полесна навигација. Лесно зачувајте ги омилените поставки за печатење за да добивате доследни резултати.

Печатење со фото-лабораториски квалитет


Печатете долготрајни фотографии со професионален квалитет за помалку од 1 минута. Технологијата за сублимација на бои обезбедува врвна длабочина и градација на бои без долго чекање.

Спомени кои траат


Специјалниот прекривен слој ги заштитува испечатените материјали од прскање, истурање течности и избледување и тие можат да траат до 100 години ако се складираат во албум. Можете да нанесете 3 различни полусјајни завршни обработки за дополнителна заштита од отпечатоци од прсти и да создадете сличен изглед на традиционалните отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет, без потреба да менувате какви било потрошни материјали.

Без изненадувања


SELPHY CP1000 овозможува мали трошоци за печатење, со одличен квалитет и практичност. Освен тоа, ќе имате потполна контрола со дефиниран број на печатења кој е впишан на секое пакување со потрошни материјали. Уживајте во уште помали трошоци за печатење со медиумите во поголемите пакувања.

Печатете на ваш начин


За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен со PictBridge, директно со печатачот. За да добиете поголема флексибилност, можете да печатите од широка палета на мемориски картички или од USB флеш уреди.

ID Photo Print


Без разлика дали се работи за деловна или домашна употреба, функцијата за печатење фотографии за документи со водич за обликување на кадри со лица ви овозможува брзо и едноставно создавање и печатење фотографии за документи во голем број усвоени големини. Двојното печатење на фотографии за документи ви овозможува да испечатите 2 фотографии за документи со различна големина на еден лист хартија, а испечатените насоки за сечење овозможуваат поголема прецизност при сечењето.

Широк опсег на големини за печатење


Печатачот нуди многу начини за споделување на вашите спомени, меѓу кои и големина на поштенска картичка, квадрат¹ или кредитна картичка¹ - сето тоа за неверојатно брзо време.

Подобрете ги вашите фотографии


Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица обезбедува врвни резултати. Таа врши интелигентна корекција на несовршеностите во сликите и истовремено го намалува непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.

Печатење во движење


Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено, со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L, која практично се прикачува на задната страна на печатачот. Едно полнење обезбедува над 36 отпечатени листови со големина на поштенска картичка.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon SELPHY CP1000, неговите функции и можности.

Fast, lab quality prints

Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

Large, easy-to-view tilt-up LCD

Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување

Compatible with SD and CF cards

Компатибилност со SD и CF картички

Select from glossy or 3 semi-gloss finishes

Изберете помеѓу сјајни или 3 полусјајни завршни обработки

Convenient printing from USB stick

Практично печатење од USB мемориски уред

Dual ID photo printing with extended size options

Двојно печатење на фотографии за документи со опции за поголеми димензии

Intelligent correction

Интелигентна корекција

Long-lasting Canon quality

Долготраен квалитет од Canon

Print on the go

Печатете во движење

Print only the best part of your image

Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика