Користејќи Wi-Fi за брзо и едноставно печатење од Smartphone уреди, таблет уреди и други безжични уреди, извонредно компактниот SELPHY CP900 создава прекрасни, долготрајни испечатени материјали со фото-лабораториски квалитет за помалку од 1 минута.
Подетално разгледување на Canon SELPHY CP900
Фото печатачот SELPHY CP900 совршено се вклопува насекаде низ домот
и е доволно пренослив за да можете да го носите на забави и семејни
собири.
Поддршката за Wi-Fi ви овозможува брзо и едноставно печатење од
Smartphone уреди, таблет уреди, компјутери и компатибилни фото
апарати без кабел.
Секој ќе има можност да печати долготрајни фотографии со
професионален квалитет за помалку од 1 минута со едноставно
притиснување на копче. Технологијата за сублимација на бои
обезбедува врвна длабочина и градација на бои за добивање на сличен
изглед и чувство како традиционалните отпечатени материјали со
фото-лабораториски квалитет без долго чекање. На пример, едно
печатење со големина на поштенска картичка се печати за приближно
47 секунди. Специјалниот прекривен слој ги заштитува испечатените
материјали од прскање, истурање течности и избледување, а доколку
се чуваат во албум ќе траат до 100 години.
Практичниот дизајн вклучува LCD екран од 6,8 cm (2,7") со функција
за закосување која овозможува едноставно ракување и прегледување.
Упатствата на екранот се разбирливи и нудат поддршка на 13
јазици.
За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен
со PictBridge, директно со печатачот. Исто така, ќе можете да
печатите од широка палета на мемориски картички, вклучувајќи и
SDXC, преку вградениот читач на картички, како и од USB флеш
мемориски уреди за да добиете уште поголема флексибилност.
Печатачот нуди многу начини за споделување на вашите спомени, меѓу
кои и големина на поштенска картичка (148 x 100mm), квадрат (50 x
50mm) или кредитна картичка (86 x 54mm) - сето тоа за неверојатно
брзо време.
Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица
обезбедува врвни резултати. Таа ги открива и ги коригира
несовршеностите во сликите, прилагодувајќи ја осветленоста и боите
на сцените и лицата, а истовремено го намалува и непосакуваниот
шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени
материјали.
Без разлика дали се работи за лична или професионална употреба, ID
Photo Print со водич за обликување на кадри со лица ви овозможува
да создавате и печатите фотографии за документи во големини кои се
широко прифатени или да поставите големина по ваш избор. Печатете
повеќе фотографии за документи во иста или различна големина на
еден лист за да заштедите хартија.
Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено,
со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L (потребен е
адаптер за полнач CG-CP200). Едно полнење обезбедува над 36
отпечатени листови со големина на поштенска картичка.
Испорачаниот софтвер SELPHY Photo Print ви овозможува едноставно
создавање на сопствен календар, избор на украсни рамки или
вметнување на слики и балони за дијалози во материјалите за
печатење со режимот за креативно печатење.
Дознајте повеќе за Canon SELPHY CP900, неговите функции и можности.
Безжично печатење за неколку секунди
Печатење од фотоапарати преку USB или Wi-Fi
Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет
Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување
Компатибилност со SD картички
Практично печатење од USB мемориски уред
Напредни опции за големина на фотографии за документи
Интелигентна корекција
Долготраен квалитет од Canon
Печатете во движење
Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика
Печатење со големина на поштенска картичка
Налепници со квадратна големина
Печатење со големина на кредитна картичка
Налепници со големина на кредитна картичка
Печатење на креативни мини налепници